Обраќање на Претседателот на Универзитетот
Интернационалниот универзитет Еуропа Прима – Скопје е првиот реален високо образовен мост меѓу Македонија и Европа. Првите генерации студенти, со нивната исклучителна енергија, ентузијазам, дарба и уметнички изразни форми, покажуваат дека во Македонија се одвива тивка аудиовизуелна високо образовна револуција која се збогува со стереотипите на “контролираното минато” и ја гради иднината на новата уметничка и професионална стварност не само во Македонија туку и во земјите на Југоисточна Европа од каде имаме една добра третина на запишани студенти.
Еден наш комшија Архимед од Сицилија велеше “дајте ми потпорна точка и јас ќе ја покренам земјата”, а еден наш подалечен духовен роднина Шекспир рече “светот е сцена”. Јас сакам да ги поканам младите од Македонија и од цела Југоисточна Европа, да го изодат патот на уметноста при нашиот Универзитет, бидејќи дури и најдолгиот пат започнува со првиот чекор.
На вас е редот!
Акција!
Јордан Плевнеш
Претседател на Универзитетот
Обраќање на Ректорот на Универзитетот
Позиционирајќи се како единствен универзитет во државава кој го носи предзнакот на уметноста, Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ веќе 15 години претставува културно-едукативен симбол чија важност, значење и општествена функција го чинат нераскинлив дел од современите културни и образовни текови. При тоа, на сите млади луѓе кои животот го гледаат низ уметничка визура, преку ексклузивноста на студиските програми (од кои најголемиот дел, во регионални рамки за прв пат се основани токму овде), им нуди можност за образование кое ќе им ги отвори вратите на многу хоризонти, ќе ги донесе до крајните имагинарни граници на уметноста и ќе им помогне да го извлечат од себе целиот креативен вознес којшто го поседуваат.
Оригинален по својата идејна концепција, фузионирајќи ги филмската, театарската и музичката уметност во една структурна целина, нашиот Универзитет претставува единствена високо-образовна институција во државава, која продуцира дефицитарни кадри од областа на аудиовизуелните уметности, негувајќи при тоа висок степен на професионализам, граден врз европските и светски норми на уметничка едукација. Наставата на сите катедри, покрај матичните, стручните и теориските предмети е организирана и низ многу обемна практична работа и студентски вежби, кои ја чинат суштината на профилирањето на идните професионалци, подготвувајќи ги стручно, технички и креативно за светот во којшто влегуваат.
Особено значаен сегмент во целокупната слика на Универзитетот, зазема и програмата Еразмус, преку која нашите студенти имаат можност да искусат и пренесат дел од европските искуства на исти или слични факултети со кои соработуваме.
Проф. д-р Александар Трајковски
Ректор
Интернационалниот универзитет ЕУРОПА ПРИМА е формиран во мај 2007 година, под името Европска филмска академија ЕСРА, Париз-Скопје-Њујорк, со потпишувањето на договорот со ЕСРА Париз и представува прва високообразовна институција од овој вид во Југоисточна Европа.
Овој чин, имаше заедничка иницијална, идеолошка и историска точка, со одлуката за воведување на годишна Светска награда на хуанизам, на Охридската академија на хуманизмот, како продолжение на традицијата на Првата средновековна школа на хуманизмот, формирана од Св. Климет и Св. Наум, учениците не Св. Кирил и Методиј, што Папата Јован Павле II, во 1980 година ги прогласи за заштитници на Европа. Првиот добитник беше јапонскиот хуманист Даисаку Икеда, а во годините што следеа оваа значајна награда ја понесоа светски имиња како нобеловците Александр Солжењицин (Русија), Херта Милер (Германија), потоа легендарните Питер Брук (Велика Британија), Рави Шанкар (Индија), Романо Проди (Италија) итн. Одгласи за Светската награда на хуманизмот се објавени во водечки светски медиуми на сите континенти.
Веќе следната година, со проширувањето на академските програми во областа на музиката, теататрот и модерниот танц, како и со потпишувањето на договорите со познатите универтизитети Фолкванг од Есен, Германија и Кодартс од Ротердам, Холандија, универзитетот се етаблира во високообразовниот простор под името Универзитет за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија ЕФТА, Скопје-Париз-Есен-Ротердам.
Всушност со акредитрањето на академските програми за дефицитарните професии, како што се анимација, звучен инженериг, фотографија, филмска музика и модерен танц, универзитетот почна да ја остварува својата мисија и се етаблира како уникатна високообразовна инстутуција од овој вид.
Во тој контекст, со интензивирање на комуникациите со европските универзитетити, во 2011 година, универзитетот го покрена Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа во Париз (SEE a Paris) (www.seeaparis.com), во соработка со INALCO Paris-Cite-Sorbonne и се претоври во своевиден прозорец за творците од сите земји од Југоисточна Европа. За овој фестивал пишуваа престижниот Le Monde и неделникот Telerama, француско-германската телевизија ARTE, и други познати медиуми. Голем број, сега веќе докажани филмски автори, својата прва афирмација на европска сцена ја доживеаа токму на овој фестивал, кој го слави својот десетгодишен јубилеј, сега и под покровителство на Министерството за култура на Франција.
Во 2016 година, со потпишување на договорот со Унивезитетот Хумболт, фестивалот се прошири и во Берлин, под името SEE a Berlin (www.see-ff.net) и на тој начин се реализира една високообразовна и креативна мисија, со вреднување на минатото , сегашноста и иднината на сите големи фигури на балканската кинематографија, во двата европски центри.
Истата година, на барање на Музејот на современата ументоност од Нингбо, во непосредна близина на Шанагај, нашиот универзитет потпиша договор за културна и академска соработка за организација на биенално издание на SЕЕ фестивалот во Кина, со учество на земјите од централна и југоисточна Европа.
Универзитетот го прошири своето академско поле на интерес со организацијата на две меѓународни конференции на тема „Медицината и трансформацијата на општеството во Европа“, во соработка со Европската академија на науките уметностите и книжевностите, и клиниката „Жан Митрев“.
Во 2017 година, со започнувањето на соработката со Универзитетот Пантеон Асас Сорбона II од Париз и Универзитетот од Јужна Калифорнија од Лос Анџелес, во текот на подготвките на интернационалната конферецнија „4Д – Дигитално општество, дигитална безбедност, дигитални медиуми, дигитална иднина“, како и со акредитирањето на катедртата Филм и Дигитални медиуми, универзитетот излегува во новиот простор на глобалните предизвици на современите академски профили кои се наметнуваваат како импеатив.
Истата година универзитетот го иницира создавањето на Academia Balkanica Europeana, која во себе ги обединува најмаркантните креативни фигури на уметничкиот и општествениот живот од Југоисточна Европа. Со преместувањето на седиштето на оваа организација од Букурешт во Скопје, универзитетот дополнително го етаблира својот креативен академски капацитет.
По потпишувањето на 12 меѓународни договори со разни универзитети од Европа и светот, универзитетот широко ги надмина границите на локалната мисија и стана субјект во европската едукативна реалност.
Во таа насока, треба секако да се истакнат редица значајни имиња од европската и светската културна, уметничка и академска сцерна, кои низ годините го понесоа престижното признание Doctor Honoris Causa на нашиот универзитет, како што се Јиржи Менцел (Чешка), Шарл Азнавур и Жан-Клод Кариер (Франција), Мики Манојловиќ (Србија), Александар Морфов (Бугарија), Абдулах Сидран (БиХ), Јон Карамитру (Романија), Роберт Вилсон (САД), Самуел Вуерстен (Холандија), Карен Шахназаров (Русија), итн.
Една од најважните дејности на универзитетот е организацијата на Меѓународниот театарски фестивал Актерот на Европа (www.actorofeurope.net), кој се одржува веќе 17 години, во периодот од 6 до 11 јули на бреговите на Преспанското Езеро. Овој фестивал се издвојува како еден од најважните културни настани во регионот на Преспанското Езеро. Првиот визионер на овој чин беше францускиот писател Жак Лакариер, со неговиот митски текст Илјадници вчера и само едно утре (објавен во париски Фигаро 2003) го направи вечен ангел чувар на духот на Актерот на Европа.
По идеја на професорот од Imperial College од Лондон, Жан Патрик Конрад и со широка поддршка од голем број интернационални соработници, студенти, професори, Сенатот на нашиот универзитет го усвои предлогот за преименување во Интернационален универзитет ЕУРОПА ПРИМА.
Овој настан ќе биде симболички одбележан и со новото издание на книгата на Европа нашиот заеднички дом од Жан Моне, како есенцијално дело кое го одразува духот и мисијата на универзитетот.
Еуропа Прима како женски лик е присутна на гравурите од повеќе европски центри, почнувајќи од 14 век. Таа е претставена како симбол на Alma Mater, односно центарот помеѓу Срцето, Умот и Раката на човечкиот гениј.
Токму Еуропа Прима е објавена на насловната страна на капиталното дело на европската цивилизација, 28 векови на Европа на Дени Де Ружмон.
Во 2020 година универзитетот ја подготвува меѓународната конференција „Дигиталната иднина и глобалните закани за човештвото: Демократија, Медицина, Безбедност, Право и Културно наследство”, во соработка со Универзитетот Пантеон Асас Сорбона II од Париз, Универзитетот на Јужна Калифорнија од Лос Анџелес, Интернационалниот универзитет од Травник, (БиХ), Природно-математичкиот факултет при Универзитетот од Нови Сад, (Република Србија), Универзитет Јон Лука Караѓеле од Букурешт (Романија), Униуверзитетот „Константин Филозоф“ од Нитра (Словачка) и Новобугарски универзитет од Софија, со учество на голем број истакнати академски имиња од регионот и пошироко од Европа.
Со тоа започнува новата академска одисеја на нашиот универзитет, изразена преку ренесансата на новите студиски програми во духот на глобалниот академски предизвик.
Креативноста е околу тебе…
ЗГРАБИ ЈА!
ТЕХНИЧКА БАЗА
- Просторни услови
- ТВ студио
- Компјутерски центар
- Кабинет за применета музика
- Кабинет за монтажа
- Аудио студио
ПРОСТОРНИ УСЛОВИ
Универзитетот е сместен во објектот на Библиотеката Другарче, каде што е сместена и Кинотеката на Република Македонија. Во рамките на објектот функционираат библиотека и кино сала која по потреба може да се користат за наставни и промотивни цели. Универзитетот на располагање на своите студенти им нуди најсовремени училници со сите потребни средства (видео бимови, проектори, компјутери и сл) за успешно следење на наставата.
ТВ СТУДИО
ТВ студиото располага со следната опрема:
КОМПЈУТЕРСКИ ЦЕНТАР
Расположлив хардвер:
КАБИНЕТ ЗА ПРИМЕНЕТА МУЗИКА
Кабинетот располага со:
КАБИНЕТ МОНТАЖА
Кабинетот за монтажа располага со следниот хардвер:
AУДИО СТУДИО
Следниот хардвер е достапен во студиото за обработка на тон:
- MOTU 24I/O audio interface
- Digidesing 003 rack factory complete
- Pro tools custom keyboards-Mac
- Steinberg Cubase-5audio editing software
- Genelec 8030A conpact,Two-way active Nearfield monitor
- Genelec 7050B active subwoofer
- Rode NT2A Variable studio Condenser microphone
- Beyerdinamic MC 930 stereo set condenser-microphone set
- Shure SM57LC dinamic cardioid mic
- Shure Beta 52 microphone
- Shure SM58LC dinamic cardioid vocal mic
- ToftAudio ATB 32 32 channel mixer 8 bus, direct outs all chans,series80B EQ, fully modular desing, Inline Monitoring,6 aux sends per chan, 8 stereo auxes
- ATB-32MB meter bridge for ATB 32
- Presonus ACP88 eight channel compressor limiter gate
- TL audio ivory II 5021 2-channel tube compressor
- Apple cinema display 23”HD
- Apple macintosh, western digital raid500 GB2