Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Учество на студенти од Еуропа Прима на фестивалот „Чкаљини дани“

Претставата „Проклетството на Теба“ го отвори годинешниот фестивал „Чкаљини дани“ во Крушевац, Р. Србија. Иако актерите од Македонија настапуваа на својот мајчин јазик, јазичните бариери не претставуваа проблем. Енергијата на младите актери, според многу гледачи се чувствуваше во текот на целата изведба, како и емоцијата што предизвика катарза кај публиката.  Претставата ја изведоа студенти на Факултетот за театарска уметност во Скопје, при Интернационалниот Универзитет ЕУРОПА ПРИМА, во класата на професорот Роберт Велјановски. Автор на текстот е Софокле, а режисер асистентката Теа Беговска.

На тркалезната маса по повод претставата, актерите ги пофалија крушевчани како одлични домаќини:

– Како студент по актерска игра, ја имав извонредната чест да гостувам на фестивалот во Крушевац со мојата екипа изведувајќи древна трагедија. Од моментот кога пристигнавме, бевме воодушевени од гостопримството на нашите домаќини. Луѓето кои ни беа домаќини покажаа вистинска топлина и направија да се чувствуваме како дома, за што сме неизмерно благодарни. Крушевац е навистина прекрасен град, а луѓето што ги запознавме ни оставија силен впечаток. Жалиме што не можевме да останеме подолго, но сигурни сме дека оваа средба ќе не прати во текот на животот. Создадовме врски и пријателства кои ќе траат, а ова искуство ќе остане дел од нас засекогаш – откри Луна Миќевиќ, студентка по глума во трета година.

Таа истакна дека е воспоставена длабока емотивна врска меѓу публиката и актерите, што довело до катарза:

– Она што ми е најважно во театарот е катарзата, моментот кога се воспоставува длабока емотивна врска меѓу актерите и публиката. Ова се случи во Крушевац. Енергијата на публиката беше неверојатна, се чувствуваше нивното внимание, возбуда и искрена реакција на она што го создававме на сцената. Токму таа размена на емоции дава значење на нашата работа и не инспирира да бидеме уште подобри. Им благодариме на сите што нè поддржаа, ни беа домаќини и го споделија овој посебен момент со нас. Се враќаме со убави спомени и полни срца.

Покрај неа, актерскиот ансамбл го сочинуваат: Јована Миладинова, Кристијан Петковски, Стефан Арсиќ и Ема Лазарова.

За потсетување, Меѓународниот фестивал на академски претстави „Чкаљина дани“ трае од 24 до 31 март. Учествуваат седум академии од регионот, а членови на жирито кое ќе ги оценува претставите се: Ана Софреновиќ – дипломирана актерка и професор, Миодраг Динуловиќ – театарски режисер и Немања Савков – режисер професор.

Сите претстави се изведуваат во Белата сала на Центарот за култура Крушевац со почеток во 20 часот, а тркалезни маси по повод изведената претстава се одржуваат следниот ден во 11 часот.

Влезот е бесплатен, но бројот на места е ограничен поради големината на Белата сала.

 

Л.К.

Извор: https://odjek.rs/utisci-sa-ckaljinih-dana-publika-u-krusevcu-nas-je-dovela-do-katarze/