Тркалезна маса – Вештачката интелегенција и уметничкото право
Денес во просториите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ,,Европска Филмска Театарска и Танцова Академија, се одржа тркалезна маса на тема “Вештачка интелигенција и уметничко право”, во соработка со Медитеранскиот центар за човекови права од Реџио Калабрија, Италија. Предавањето го одржа професор Анџело Фераро, директор на центарот и продекан за Еразмус. Настанот го отвори Ректорот Јордан Плевнеш, а на работилницата учествуваа проф.д-р Атанас Козарев, Претседател на Асоцијацијата за корпоративна безбедност, Весна Попоска, генерален секретар наИнтенационалниот универзитет Визион, како и претставници на академската заедница од земјата и од странство. Овој академски настан беше искористен и како можност за развој на идеи за идна академска соработка помеѓу двете институции.
Share: