Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

“SEE a Paris” на конференција на UNESCO во Црна Гора

Picture

Четвртата Регионална Конференција на УНЕСКО “Мостовите на Балканот зборуваат”, по веќе одржаните во Едрене – Турција, Ловеч – Бугарија и Берат – Албанија, овие денови, од 17 до 22 јули 2014, се одржува во Цетиње и Ријека Црнојевиќа во Црна Гора. На конференцијата присуствуваат голем број на млади синеасти и уметници од земјите на Југо-Источна Европа и истата се одржува под мотото “Запознај го соседот”. Сите содржини се реализираат во соработка со фестивалот SEE a Paris. При тоа како дел од програмата ќе биде прикажана селекција на наградени кратки, документарни и играни филмови, кои во изминатите четири години учествува на фестивалот на Југо-Источна Европа во Париз.
Симпозиумите организирани во рамките на конференцијата ќе бидат раководени од Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности и основач на фестивалот SEE a Paris, Г-динот Јордан Плевнеш, а пред поголем број на Министри и Градоначалници од земјите од ЈИЕ, ќе се обрати и Генералната директорка на УНЕСКО, Г-ѓата Ирина Бокова.