РОКОВИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ПРИЕМНИ ИСПИТИ
Ве известуваме дека ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИ за сите пријавени кандидати за упис на нашот Универзитет до 31.08.2016 година, ќе се одржи на: 01.09.2016 во 10 часот.
За сите заинтересирани кандидати кои ќе се пријават дополнително, ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИ ќе се одржат на 12.09.2016 година во 10 часот. Пожелно е доколку кандидатите имаат изработено сопствени материјали (аудио-визуелни) или благодарници и дипломи од натпревари од соодветната област, да ги презентираат пред комисијата.
Пријавените кандидати за актерска игра за приемниот испит треба да подготват:
- еден монолог по слободен избор
- една рецитација
- расказ (сопствена приказна на слободна тема)
Претседател на испитната комисија ќе биде Проф. Мето Јовановски.
Share: