Реализација на втората етапа од проектот “Европа овде – Европа таму”
Во рамките на програмата за културна соработка помеѓу Република Македонија и Долна Нормандија, студенти од различни катедри на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска Театарска и Танцова Академија, во периодот помеѓу 1 и 6 Декември, се присутни во поголем број на културни институции во Нормандија.
Студентите по фотографија од класата на проф. Роберт Јанкуловски заедно со нивните колеги од “Куќата на аудио-визуелните уметности” од Нормандија приредија изложба во Градската Библиотека во Каен која значи поглед на денешната млада генерација во Франција и Македонија на 100-годишнината од 1 Светска војна.
Студентите по актерска игра од класата на проф. Рубенс Муратовски приредија музичко-поетски спектакл во театарот “Хипоком” во Каен, инспирирани од творештвото на македонските писатели, посветено на 1 Светска војна.
Во антологискиот избор се застапени поетите Славко Јаневски, Блаже Конески, Ацо Шопов, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Петре Андреевски, Јован Котески, Живко Чинго, Адем Гајтани и Хасан Мерџан.
Овој 3 годишен проект кој првата година се одвиваше на тема: фотографија , втората година на тема книжевност, третатата година ќе биде посветен на француската и македонската кинематографија и нивната поврзаност со 1 Светска Војна .
Проектот се остварува со сесрдниот ангажман на Канцеларијата на АЛДА во Скопје, а автори на 3-годишниот проект се Константин Плевнеш и Илина Мангова.

Share: