Промоција на Креативниот Центар за Европска Интеграција на Младите од Западен Балкан „Млада Европа на Балканот“
14.Септември 2018
Почеток 20:00 ч.
Локација Театарска сала, Македонски железници – Инфраструктура,
(влез од паркингот пред Пошта 2)
Центарот ќе има за цел надминување на разликите, помирување и доближување на младите од Балканот (особено од Црна Гора, Косово, Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина и Србија) во духот на европските вредности. Проектот ќе ги поврзува младите културни творци од областа на театарот, музиката, ликовните уметности, драмската уметност, новите дигитални медиуми во знакот на реченицата на Жан Моне: „Да се гради Европа значи да се гради мир.“.
Во таа насока универзитетот ЕФТА ја објави книгата „Европа наш заеднички дом“ , со предговор на амбасадорот на Република Франција во Република Македонија Кристијан Тимоние која што може да биде патоказ за младите генерации .
Активностите ќе се одвиваат низ театарски, филмски, музички и други работилници, симпозиуми, реализација на театарски претстави, филмски проекции на кратки играни, документарни и анимирани филмови, фотографија во соработка со:
– Нов бугарски универзитет од Софија, Бугарија
– Академија за уметности од Приштина, Косово
– Академија за театар и филм од Сараево, Босна и Херцеговина
– Националната академија за театар и филм од Букурешт, Романија
– Академија Нова од Белград, Србија
– Факултет за драмски уметности од Цетиње, Црна Гора
– Филмска академија од Тирана, Албанија
– Фестивал за модерен театар од Грција
ПРОГРАМА НА НАСТАНОТ
- Свечено отворање на настанот од ректорот на универзитетот Јордан Плевнеш и Директорот на Македонски железници-Инфраструктура, Ирфан Хасани
- Обраќање на Лидија Димова, директор на Националната агенцијата за европски образовни програми и мобилност
- Обраќање на Раководителот на секторот за соработка на Делегацијата на Европска Унија Никола Бертолини
- Обраќање на Директорот на Францускиот институт во Скопје, Емануел Римбер
- Проекција на спотови на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА, Скопје
- Претставување на книгата „Европа нашиот заедничи дом“ Андреј Серафимовски и Ива Милчева
- Монолог од претставата – „Женска утопија“- Димитрина Мицкоска
- Спот и презентација на Интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“
- Настап на специјалниот гостин Василиј Лаерти од Тирана, Албанија, добитник на наградата „Актерот на Европа“ 2018
- Претставување на новата катедра Филм и дигитални уметности на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА. Презентер Доц. Димитар Николов
- Претставување на актерот Мето Јовановски, добитник на наградата „Златен платан“, 2018 Требиње, БИХ и на режисерот Дејан Пројковски, добитник на наградата „Јудита“ за најдобра претстава на 64. Сплитско лето 2018, Хрватска