Проектот SEE IP ART TV претставен во Виена
Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Г-динот Јордан Плевнеш на Граѓанскиот форум на Самитот на Западен Балкан во Виена го презентираше проектот “Аудиовизуелните мостови на Југоисточна Европа” преку искуствата на Фестивалот на Југоисточна Европа во Париз (SEE a Paris) и Берлин(SOE in Berlin). Покрај тоа беше презентиран и двегодишниот научно истражувачки проект SEE IP ART TV, во кој се вклучени поголем број на професори од Универзитетот за аудиовизуелни уметности и експерти од Европа и Балканот .
SEE IP ART TV е замислена како телевизија која би се емитувала на интернет и би ги поврзувала културните и образовните системи на Балканот и земјите на Југо-Источна Европа. Проектот предизвика жив интерес помеѓу учесниците на овој собир кој ја трасира иднината на европската интеграција на балканските земји, а Универзитетот за аудиовизуелни уметности беше посочен како еден од главните подвижници на европеизацијата на Балканот.

Share: