Премиера на филмот “Обожение”
“Обожение” е дипломски филм на студентите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов.
Премиерата е дел од програмата на роденденот на МКЦ на 16 Јануари, со почеток во 20.00 часот, во Кино Фросина. Влезот е слободен. По завршувањето на премиерата следува концерт во салата 25 Мај на 13 македонски бенда “ОД ДРУГАТА СТРАНА” кои го слават делото на “Падот на Византија”. Филмот “Обожение” е реализиран во форма на триптих, составен е од деловите Катарза, Созерцание и Воздигање. Во него се следат приказните на ликови кои борејќи се со егзистенцијата ја оживуваат изгубената духовност во нив и луѓето околу нив. Покрај Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов кои ги потпишуваат режијата и сценариото на филмот, останатиот дел од екипата го сочинуваат директорите на фотографија Влатко Џикоски и Панче Пренџов, а автор на музиката е Горан Трајкоски. Актерската екипа е составена од Петар Горко, Димитар Ѓорѓиевски, Катерина Чакмакоска Клинческа, Катерина Аневска, Митко Апостоловски, Соња Михајлова, Владимир Ѓорѓијоски, Милан Секулоски, Михајло Миленкоски, Димитар Црцороски, Марио Марковски. |
Share: