ОТВОРЕНИ ПОРТИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА АУДИОВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ
Во очи на 10-годишниот јубилеј, Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска Театарска и Танцова Академија – Скопје, за сите заинтересирани потенцијални кандидати за упис на нашиот универзитет организира:
ОТВОРЕНИ ПОРТИ
во Скопје
01 и 02 септември од 11-14 часот
12 и 13 септември од 11-14 часот
во просториите на Универзитетот (зграда на Кинотека на Р. Македонија)
во Битола
05 септември од 11-14 часот
Народен театар Битола
во Струмица
09 септември во 12 часот
Народен театар „Антон Панов“
За време на Отворените порти ќе бидат презентирани активностите и програмите на:
–Факултетот за театарски уметности – актерска игра, драматургија, театарска режија од професорите: Мето Јовановски, Дејан Пројковски, Роберт Вељановски, Гоце Ристевски, Загорка Поп Антовска-Андовска, Благој Мицевски
– Факултетот за филмски уметности – филмска и ТВ режија, филмска и ТВ камера, филмска и ТВ монтажа, продукција и менаџмент, анимација, фотографија, звучен инженеринг, музичка продукција од професорите Роберт Јанкулоски, Сашо Павловски, Валентино Скендеровски, Братислав Зафировски, Горан Наумовски, Крсте Господиновски, Горан Тренчовски.
–Факултетот за применета музика – композиција на филмска музика, вокална интерпретација, современ танц од професорите Дарко Мариновски, Александар Трајковски, Љупчо Коскаров, Рисима Рисимкин.
Од оваа учебна година отворена е можност за запишување на катедрата за интерпретација на популарна музика – естрадно пеење, каде што ќе бидат ангажирани наши познати естрадни уметници, како стручни соработници во образовната формација. Оваа година тоа ќе бидат Силви и Влатко Плевнеш.
Во текот Отворените порти ректорот на Универзитетот Јордан Плевнеш, меѓу другото, ќе ги објави и имињата на личностите од светски формат кои во текот на учебната 2016/2017 година ќе станат дел на нашата образовна институција со нивната номинација за Doctor Honoris Causa.
За најдобрите кандидати УАУ ЕФТА ќе обезбеди 50 % попуст на школарината, а изборот ќе биде направен врз основа на постигнатите успеси во образовниот и кариерниот развој на кандидатите, како и од оценката на стручната комисија.
Бидете дел од една од највозбудливите универзитетски авантури што ги пренесува светските стандарди во Македонија.
Со европско образование до европска диплома !