Мастер-клас на професорот Жан-Патрик Конрад
Во рамките на неговата посета на Македонија, претседателот на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, Жан-Патрик Конрад, професор на Империал Колеџ од Лондон, одржа мастер-клас на темата „Шекспир и Европа – Да се биде или не!“ Предавањето, коешто беше дел од меѓународниот симпозиум, организиран по повод одбележувањето на десетгодишниот јубилеј на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, предизвика голем интерес. За да се излезе во пресрет на бројните прашања од аудиторимот, на којшто не можеше да се одговори во зададениот временски период, професорот Конрад се сложи да одговори индивидуално на сите додатни прашања, по електронска пошта. Во таа насока, сите прашања прашања поврзани со предавањето, чијашто презентација може да ја преземете од приложениот линк, можете да ги праќате на емејл адресата produkcija@esra.com.mk, назнака за Ж.П.Конрад.
Презентација – Жан-Патрик Конрад
Share: