Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

КОНКУРС ЗА УПИС ВО УЧЕБНАТА 2016/2017

Врз основа на член 57, член 108 и член 110 од Законот за високото образование („Службен весник на РМ“ број 35/2008), Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска Театарска и Танцова академија ЕФТА Скопје објавува КОНКУРС за запишување студенти во прва година на прв и втор циклус студии во учебната 2016/2017 година.

1. Број на студенти

На факултетите (единиците) на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Европска Филмска Театарска и Танцова академија ЕФТА-Скопје, во прва година на прв циклус универзитетски студии (додипломски студии) и на втор циклус универзитетски студии (специјалистички студии и постдипломски – мастер студии), во учебната 2016/2017 година ќе се запишат следниов број студенти:

ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ (3 години, 6 семестри):

– Факултет за театарски уметности
o Студиска програма: Театарски уметности – 40 студенти
(Театарска режија, Актерска игра, Драматургија)

– Факултет за филмски уметности
o Студиска програма: Филмски уметности – 50 студенти
(Филмска и Тв режија, Филмска и ТВ Камера, Филмска и ТВ монтажа, Фотографија, Продукција, Анимација, Звучен Инженеринг, Музичка Продукција)

– Факултет за применета музика
o Студиска програма: Музичка уметност – 30 студенти
(Композиција на филмска музика, Вокална интерпретација, Интерпретација на популарна музика)
o Студиска програма: Современ танц – 10 студенти
(Современ танц)

СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ СТУДИИ (1 година, 2 семестри):

– Факултет за театарски уметности
o Студиска програма: театарски уметности – 20 студенти
(Театарска режија, Актерска игра, Драматургија)

– Факултет за филмски уметности
o Студиска програма: Филмски уметности – 30 студенти
(Филмска и Тв режија, Филмска и ТВ Камера, Филмска и ТВ монтажа, Продукција, Анимација, Звучен Инженеринг, Музичка Продукција)

– Факултет за применета музика
o Студиска програма: Музичка уметност – 20 студенти
(Композиција на филмска музика, Вокална интерпретација, Интерпретација на популарна музика, Современ танц, Кореографија)

ПОСТДИПЛОМСКИ МАСТЕР СТУДИИ:

– Факултет за театарски уметности
o Студиска програма: Сценски уметности – 20 студенти

– Факултет за филмски уметности
o Студиска програма: Аудиовизуелни уметности – 30 студенти

2. Услови и критериуми за запишување
– Право на запишување на прв циклус универзитетски студии (додипломски студии) имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во средни училишта верифицирани со акт на Министерството за образование и наука, кои положиле државна матура, меѓународна матура или училишна матура во уметничко образование. Право на запишување на прв циклус универзитетски студии (додипломски студии) имаат и кандидати со завршено четиригодишно средно образование пред роковите за полагање на државна матура. Странски државјани може да се запишат на студии под истите услови како и државјаните на Р. Македонија. Кандидатите се запишуваат како редовни студенти со самостојно надоместување на трошоците на студиите. Надоместокот за студирање на факултетите во состав на Универзитетот, е регулиран со правилник за наплата на школарина и изнесува од 2000 – 3000 евра во денарска противредност.
– Право на запишување на втор циклус специјалистички универзитетски студии, имаат кандидатите со завршено тригодишно високо образование од прв циклус (стекнати 180 кредити). Странски државјани може да се запишат на студии под истите услови како и државјаните на Република Македонија. Надоместокот за студирање на факултетите во состав на Универзитетот, изнесува од 2000-3000 евра во денарска противредност .
– Право на запишување на втор циклус постдипломски универзитетски студии (мастер) имаат кандидатите со завршено четиригодишно високо образование од прв циклус (стекнати 240 кредити), односно тригодишно високо образование од прв циклус и едногодишни специјалистички студии (стекнати 180+60 кредити). Странски државјани може да се запишат на студии под истите услови како и државјаните на Република Македонија. Надоместокот за студирање на факултетите во состав на Универзитетот, изнесува 800 евра од семестар во денарска противредност, а надоместокот за одбраната на магистерскиот труд изнесува 400 евра.
– Наставата се изведува на македонски и англиски јазик.

3. Рокови и потребни документи за пријавување и запишување

Пријавувањето на кандидатите се врши од денот на објавувањето на конкурсот и трае до 01.10.2016 за додипломски студии и до 01.1
1.2016 за специјалистички и постдипломски студии.
При пријавувањето за запишување на факултетите, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
a. Пријава за запишување
b. Свидетелство за завршено средно образование / За запишување на последипломски, мастер студии – Диплома за завршен прв циклус на студии, куса биографија (CV), документи за евентуални награди, признанија (авторски трудови), препораки и сл.
c. Извод од матичната книга на родените
d. Кандидатите странски државјани, со пријавата, поднесуваат нострифицирано свидетелство за завршено средно образование (за додипломски студии) т.е. диплома за завршен прв циклус на студии (за постдипломски студии) во странство.

Документите се поднесуваат до:
Универзитет за аудиовизуелни уметности,
ул. Никола Русински, бр.1. 1000 Скопје,
телефон. 02 3061 543 /
e-mail: info@esra.com.mk / esraskopje@gmail.com

Конкурсот е објавен и на интернет страна на Универзитетот:
www.esra.com.mk / www.efta.edu.mk