ЈАВЕН ОГЛАС за избор на Ректор
Врз основа на член 97 од Законот за високото образование и член 56 од Статутот на „Интернационалниот универзитет Еуропа Прима“ – Скопје, како и на Одлуката на Универзитетскиот сенат на „Интернационалниот универзитет Еуропа Прима“ од 20.10.2020 година, „Интернационалниот универзитет Еуропа Прима“ – Скопје, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на Ректор
„Интернационалниот универзитет Еуропа Прима“ – Скопје, отпочна постапка за избор на Ректор на слободни непосредни и тајни избори од страна на членовите на наставно-научните, научните и наставничките совети на единиците, за време од три години, односно за период од 11.11.2020 до 10.11.2023 година.
Услови за избор на Ректор:
Кандидатот за Ректор, треба да ги исполнува следните услови:
• Да е државјанин на Република Северна Македонија
• Да е редовен професор.
Кандидатот за Ректор кон Пријавата задолжително доставува:
• Пријава;
• Биографија со библиографија;
• Одлука за избор во редовен професор;
• Програма за работа и развој на Универзитетот за мандатниот период и
• Уверение за државјанство.
Кандидатите за Ректор треба да ги достават потребните документи во рок од 7 (седум) дена од денот на објавувањето на Јавниот оглас во дневниот весник „Нова Македонија“ и на веб страната на Универзитетот, до Универзитетска изборна комисија, на адреса: „Интернационален универзитет Еуропа Прима“ – Скопје, ул.„Никола Русински“ бр.1 Скопје, со назнака „За Јавниот оглас“.
Изборот на кандидатот ќе се изврши во согласност со одредбите на Законот за високото образование и Статутот на „Интернационалниот универзитет Еуропа Прима“- Скопје.
„Интернационален универзитет Еуропа Прима“ – Скопје