Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Изведба на претставата „Еволуција на распадот“ во Штип

Почитувани љубители на театарот,
Ви го најавуваме гостувањето на Интернационален Универзитет “Еуропа Прима“ од Скопје со театарската претстава “Еволуцијата на распадот“ по “ОТЕЛО” на Вилијам Шекспир, во класа по актерска игра и театарска режија на проф. Дејан Пројковски.
Претставата ќе се одигра на малата сцена “Благој Самоников“ во НУЦК “Ацо Шопов“ Штип на 17 март 2025 год. (понеделник) со почеток во 20 часот.
Претставата е во режија на Дамјан Димовски, а композитор е Дарко Спировски.
🎭 Играат:
Илин Јовановски – Јаго
Тодор Стојковски – Касио
Бранко Михајлоски – Отело
Ѓорѓе Нешковиќ – Родриго
Леонида Гулевска – Дездемона
Илина Чонкова – Емилија
Цената на влезницата е 200 денари.
☎️ Резервации на билети: 070 729 430 / 071 394 517 / 070 933 002
Ве очекуваме!!