Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Изложба на плакати “Да ја спасиме планетата”

Picture

Изложбата на плакати, насловена  “Да ја спасиме планетата! (Au secours de la planète)” ќе биде отворена на 6 декември (петок), во галеријата на Кинотеката на Македонија, со почеток во 18.00 часот.
Во рамките на активностите на Меѓународната организација за Франкофонија (OIF) насочени кон одржливиот развој и заштитата на околината, Регионалниот франкофонски центар за централна и источна Европа (CREFECO) организираше, во периодот од 15 февруари до 15 април 2013, натпревар под наслов „Да ја спасиме планетата !“ (“Au secours de la planète”), во соработка со Амбасадата на Швајцарија во Бугарија, Федерацијата Валонија Брисел, Центарот за јазици од Универзитетот во Женева, Центарот за активен пристап кон јазиците и медиумите (CAVILAM) – Француска Алијанса, како и Франкофонскиот институтот за одржлив развој (IFDD). Овој натпревар беше организиран за младите на возраст од 18 до 23 години, од земјите на централна и источна Европа (PECO), кои учат француски јазик.
Еколошките идеи на кандидатите, пренесени преку плакатите што ги изработија, беа оценувани од меѓународна комисија, во која учествуваше и Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Г-динот Јордан Плевнеш и која од 32 пристигнати проекти избра 20 плакати кои ќе бидат претставени нa подвижна изложба во неколку градови во регионот. Публиката во Скопје ќе има можност да ја проследи оваа изложба во перодот од 6 до 15 Декември 2013.