
Испит на студенти по Актерска игра од III година
На 13 февруари, четврток, со почеток од 18.00 часот, ќе се одржи испитната претстава на студентите од трета година по актерска игра, во класата на професорот Роберт Велјановски и асистент Теа Беговска. Во претставата „Вилијан Шекспир – Сцени“, играат студентите Ема Лазарова, Кристијан Петковски, Луна Мичевиќ, Стефан Арсиќ и Јована Миладинова.
Share: