Играниот филм „Отворена врата“, во македонска копродукција е кандидат за Оскар на Албанија
Играниот филм „Отворена врата“, дебитантски филм на младиот албански режисер Флоренц Папас, во кој македонија учествува како копродуцент, е кандидат за Оскар на Албанија во категоријата за најдобар странски филм.
Филмот е во продукција на „Бункер филм+“ од Албанија, а копродуценти се „Сиркл филм“ од Косово, „Лупин филм“ од Италија и „Авард филм и видео“ од Македонија, а со поддршка и на Еуримаж.
„Отворена врата“ се снимаше во Албанија во 2018, а е приказна за мажена жена и нејзината бремена сестра кои се обидуваат да најдат маж за да глуми нејзин сопруг пред средбата со нивниот, строг традиционален татко.
Како македонски дел од екипата, покрај продуцентите Горан Стојилковиќ и Владимир Стојчевски кој е дел од професорскиот кадар на нашиот универзитет, во проектот учествуваат и актерот Висар Вишка, композиторот Александар Пејовски, Фејми Даут како прв асистент на камера, дизајнерот на звук Игор Поповски од студиото Аудиохаус, заедно со целосната екипа на секторот звук составена од Ристо Алчинов, Илија Цветковски, Драган Спасов, Ненад Стефаноски и Леотрим Вока.
Филмот светската премиера ја имаше минатата година во Главната програма на Сараевскиот фестивал, а македонската премиера беше на Фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.
Покрај тоа филмот беше прикажан на петнаесетина значајни фестивали низ целиот свет, а целосната листа на фестивалски учества ја има на следниот линк:
https://www.award-film.com/open-door.html
Рецензија за филмот „Отворена врата“ на Сунчица Уневска 18/09/2019 (Слободен Печат):