ЕВРОПСКИ КУЛТУРЕН КАРАВАН НИЗ МАКЕДОНИЈА
Во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“, поддржана од Министерството за кулутра, Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија – Скопје, во пероидот од 4 до 15 Ноември 2019, ќе го презентира својот проект „Европски културен караван“.
Проектот опфаќа серија од уметнички перформанси на студентите од Универзитетот за аудиовизуелни уметности од класата Актерска игра на професорот Мето Јовановски, едно од најголемите актерски имиња во нашата земја.
Програмата ќе се изведе во 8 града од Северно-источниот, Источниот, Вардарскиот и Полошкиот регион, и тоа:
5 Ноември, Кавадарци, Музичко училиште „Лазо Мицев-Рале“ почеток во 12:00 ч.
7 Ноември, четврток, Штип, НУ Библиотека „Гоце Делчев“, 12:30 ч.
8 Ноември, петок, Тетово, „Центар за балканска соработка – Лоја“, 19:00 ч.
10 Ноември, недела, Струмица, Театар „Антон Панов“ Мала сцена, 20:00 ч.
11 Ноември, понеделник, Гостивар, Дом на култура, мала сцена, 19:00 ч.
12 Ноември, вторник, Пробиштип, Дом на култура, 12:00 ч.
13 Ноември, среда, Куманово, „Занаетчиски дом“, 20:00 ч.
14 Ноември, четврток, Крива Паланка, СОУ „Ѓорче Петров“, 12:00 ч.
Во првиот дел на изведбата, насловен како „Европски и светски мислители“, ќе бидат интерпретирани текстови од Георг Бихнер, Мартин Лутер Кинг, Махатма Ганди, и други.
Во вториот дел на овој настап ќе биде изведена претстава базирана на драмата „Ревизор“ од Гогољ, под наслов „Женски Ревизор“, каде што во улогите на традицонално машките ликови ќе се појават жени.
Во проектот учествуваат студенти од класите по Актерска игра, Режија, Звучен инженеринг и Применета музика.
Share: