DigitCRESHE Интензивна студиска програма
Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима е дел од проектот DigitCRESHE кој има за цел да го трансформира високото образование на Западен Балкан, кој е специјално насочен кон креативните и културни индустрии. Со користење на дигитална трансформација и активни методи на учење, оваа иницијатива има за цел да ги подобри образовните програми и да ги опреми студентите со вештини потребни за пазарот на трудот.
Основната мисија на DigitCRESHE е интегрирање на најсовремени дигитални алатки и стратегии на учење. Проектот е дизајниран да им користи на различни групи во образовниот сектор.
Како дел од проектот се одржа Intensive Study Program на тема New Technologies and Digitalization in the Creative In dustries, на 25 и 26 ноември во Лабораториум.
Преку предавања и hand-on сесии се обработуваа теми како гејмификација, serious games, трендови во креативните индустрии и влијанието на AI во истите, Digital Storytelling и други. Студентите имаа можност да дознаат за нови трендови и предизвици во креативните индустрии, иновации, и да се запознаат со експерти од индустријата од Македонија, Европа и Обединетото Кралство, да дискутираат на за нив значајни теми и да го прошират нивното знаење. На форумот за креативни индустрии беше преставен и проектот DIGITCRESHE во кој учествува Универзитетот Еуропа Прима, а оваа тренинг програма е токму дел од тој проект поддржан преку програмата Erasmus.
За повеќе информации за DigitCRESHE, посетете ја страницата DigitCRESHE и следете ги нашите новости на LinkedIn. Придружете ни се во нашата мисија да го револуционизираме високото образование на Западен Балкан и пошироко.