Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Зоран Пејковски

Зоран Пејковски

Доцент

email: zoran.pejkovski@yahoo.com

Доцент 

 

Зоран Пејковски (Битола) е македонски драмски писател, драматург, поет, сценарист, прозаист, публицист, театролог и единствен натуралист во македонската литература. Тој е доктор по Културолошки студии на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и доцент од областа Драматургија на Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ од Скопје, (дипломирал и магистрирал драматургија). Доц. д-р Зоран Пејковски автор е на 23 драмски дела, на 21 збирки песни, на 6 поеми, (или вкупно 27 поетски книги) на 6 сценско-драмски рецитали, на 4 научно-истражувачки книги од театрологијата (од кои 2 се учебници за студентите по драматургија) на 3 публицистички книги, на 1 роман, на 1 препев и над 50 дела од областа на научната мисла, на литературната критика, и на рецензии за книжевни и театарски изведби. Неговите книжевни дела се преведени и препеани на повеќе странски јазици, англиски, француски, романски, полски, украински, бугарски, српски, хрватски, црногорски, грчки, итн. Работи и како драматург во Народниот театар од Охрид, а во 2024 е назначен за директор на македонскиот Културно-информативен центар во Софија, Р. Бугарија.

Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1995 година, во 2016 година од институцијата Светски амбасадори на мирот (Universelle des Ambassadeurs de la Paix, Suisse/France) се стекнува со титулата Почесен амбасадор на мирот, во 2017 г, се стекнува со титулата редовен академик на Чувашката народна академија, а во 2018 година се стекнува со титулата Европски писател на поезијата и уметноста, која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при Европската Унија.