Редовен професор на катедрата по продукција и менаџмент
Предмети: продукција
Владимир Стојчевски е филмски продуцент од Скопје. Завршил Продукција на Факултет за драмски уметности и магистрирал Управување во јавниот сектор, на Економскиот факултет во Скопје.
Од 2005 до 2008 година е вработен како продуцент во компанијата Award Film and Video, со која што континуирано соработува до денес. Од 2008 година до сега работи како професор по филмска продукција на Интернационалниот Универзитет ЕУРОПА ПРИМА Скопје, а во перидот 2016-2018 година, бил професор по продукција и на Филмската академија при Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Во периодот 2016-2018 година, бил Раководител на Канцеларијата за Креативна Европа МЕДИА, при Агенцијата за филм на Македонија.
Тој е продуцент на документарниот филм „Кеиф“, 2019, во режија на Блаже Дулев; ко-продуцент на играниот филм „Отворена врата“, од Флоренц Папас, 2019 година; ко-продуцент на документарниот филм „Туста“, од Андреј Коровљев, 2019 година; продуцент на играниот филм „Ах, љубов моја“, 2017 година, во режија на Коле Ангеловски; продуцент на документарни филмови „Децата на мојот татко“ 2015 година, во режија на Бесфорт Имами; „Денот да е радосен“, 2014 година, во режија на Љубица Поповска и „Барајќи ја среќата“, 2013 година, во режија на Марија Џиџева.
Образование
ФДУ - Скопје
Продукција
Економски Факултет - Скопје
Управување во јавниот сектор