Слободан Таневски
Стручен соработник
Само со солидно познавање на акустичките и светлинските појави, на принципот на функционирање и техничките можности на аудио и видео уредите ќе може да се направат врвни аудиовизуелни дела.
Стручен соработник
Предмети: Акустика и аудиотехника, Филмска и ТВ техника
Слободан Таневски е дипл. инж. по електроника и телекомуникации и магистрант по акустика и аудиотехника, роден во Скопје на 29.1.1962. Работел како професор со средните електротехнички училишта „Орце Николов“, „Михајло Пупин“ и „Илинден“. Бил основач, технички раководител и главен уредник на првото независно радио во Македонија, Младинското радио „Клуб 100“ при УСО „Орце Николов“ (1987-1991). Под негово влијание значаен дел од музичкиот израз на Младинското радио се базира на македонската рок музика, а во 1990 започнува со издавачка дејност на касетни изданија, каде како уредник, снимател и продуцент потпишува 7 изданија. Во склоп на овие изданија е и првиот албум на групата Клержо, каде се јавува како тонски снимател и продуцент. Од 1992 до 2001 работи во сопственото аудиостудио Avalon Soundfix, подоцна Emiter Soundfix, каде како инженер на звук и продуцент работи со повеќе македонски бендови. Во 1995 год. го основа списанието за наука и техника „Емитер“, чиј главен уредник е до денес. На Универзитетот „Еуропа Прима“ е од неговото основање во 2007 година и ги предава предметите „Акустика и аудиотехника“ и „Филмска и ТВ-техника“. Автор е на повеќе стручни и научно-популарни статии, како и на повеќе проекти од областа на електрониката и акустиката (Студентско радио, City Hall Center, ProSound Recording Studio).
Образование
Електротехнички факултет – Скопје
Електроника и телекомуникации
ВИСЕР – Белград
Електроника и телекомуникации
ЕФТА - Скопје
Акустика и аудиотехника
Значајни проекти
Младинско радио „Клуб 100“
Основач, технички раководител и главен уредник
Списание за наука и техника „Емитер“
Основач, директор и главен уредник
ProSound Recording Studio
Проектант на акустичкиот дизајн