Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Сашо Павловски

Сашо Павловски

Редовен професор

„Помислете на сета убавина што сè уште останува неоткриена околу вас и правете филмови“.

email: sasho.pavlovski@gmail.com

Редовен професор на катедрата по филмска и тв режија

Предмети: филмска и тв режија

Роден сум во Битола, каде завршувам основно и средно образование. Основно – Др. Трифун Пановски, средно – гим. Јосип Броз Тито. После средното образование, животот го продолжувам во Словенија. Таму се и првите контакти со филмската уметност, почнувајки од најниските гранки, како статист. Заради војната во поранешна Југославија, се враќам во Битола, за веднаш потоа да заминам во Република Бугарија каде во 1993 година го започнувам своето образование за филмски и ТВ режисер, на Академијата Крсто Сарафов. На истата Академија, во 1998 година и Магистрирав. Во истата 1998 година, на повик од Македонската Телевизија го режирав и првиот професионален проект – ТВ филмот, Емигранти. Подоцна патот ме однесе во водите на режирањето на ТВ реклами, кои, чекајки ја шансата за работа на долгометражен филм, ги режирав над 150. Меѓу нив има наградувани, емитувани на ББЦ Хотшотс и на сите наши канали.2009 е времето на мојот прв игран филм како режисер а чекајки ја втората режија,сработив како продуцент уште четири филмови, Хармс, До даска, Незаборавна Пролет во заборавено село а во моментот се припрема – Сите го викаат Реџо. Активно работам на сценарија за мојот втор и трет филм како режисер.

Образование

НАТФИЗ - Софија

Магистер по филмска режија

Значајни проекти

Ова не е американски филм

А фонд

Хармс