Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Санде Смиљанов

Санде Смиљанов

Доцент

Протоколот е музика на меѓучовечките односи.

email: ssmiljanov@gmail.com

Доцент 

 

Санде Смиљанов е роден 1971 година во Скопје. Има дипломирано „Оперативен Менаџмент“ и магистрирано со звање МБА – Специјалист за стратегиски менаџмент на „Бизнис Академија Смилевски“, во Скопје.  Смиљанов докторира на Институтот за безбедност, одбрана и мир, во рамки на Филозофскиот факултетот при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје,  фокусирајќи ги своите образовно-стручни интереси кон научното истражување за корелациите на протоколот и одбранбената дипломатија во сегментот на безбедносната политика.

Протоколот, дипломатијата, како и протоколарната и дипломатската комуникологија се сфера на негов перманентен над  дводецениски интерес и надоградба, особено имајќи предвид дека неговата теоретско-научна наобразба е тесно поврзана со неговиот практично-искуствен ангажман, како дел од  кабинетот на министерот за одбрана на Република Северна Македонија, потоа Секторот за меѓународна соработка во Министерството, кабинетот на началникот на Генералштаб на Армијата и Секторот за комуникации во Министерството, надворешен соработник за протоколарни работи во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, како и во Одделот за односи со јавност и стратешки прашања на Министерството за внатрешни работи, каде што работи во моментов.

Неговиот прв труд, „Воспоставување на единствен државен протокол на ниво на Република Македонија“ настанат во периодот 2015/2018 година е целосно плод на таа корелација од теоретско-практичната, односно образовно-работната ангажираност на Смиљанов.

И вториот негов труд, „Прирачникот за Организирање на конференции и настани во јавна/државна институција, од А до Ш: Како до совршена конференција?“ е, исто така, резултат на ефектуирањето на повеќегодишно работење во областа на протоколот и протоколарната комуникологија, и истиот е наменет за сите организатори на конференции, како практичен водич,  кон успешна организација и реализација на протоколарните активности. Всушност, станува збор за труд кој што е конципиран како своевиден патоказ, научена лекција што дава одговори на одредени специфични прашања во текот на целокупниот процес на реализација на протоколарни настани, при тоа провоцирајќи ги практичарите и организаторите да размислуваат за нови и иновативни начини за организација и реализација на конференција, за воведување поефикасни и поефективни методи во своите полиња на работа.

Третиот стручно-публицистички труд кој што примарно е втемелен врз концептите од докторската дисертација на Смиљанов, е на тема „Улогата на протоколот и одбранбената дипломатија во остварувањето на безбедноста на Република Македонија“ и  го носи насловот: Дипломатијата, протоколот и безбедноста“.

Четвртата негова книга е актуелна тема со која се соочува денешницата на тема: „Дигитална ера“, во која што во четри глави ги обработува, дигиталната трансформација и сајбер безбедноста, дигиталната дипломатија, протоколот и дигиталната етикеција.

Во процесот на стручно усовршување Смиљанов, сосема оправдано значително внимание посветува и на аплицирањето на странските и меѓународни искуства од областа на протоколарната комуникологија, безбедноста  и менаџментот во домашната практика, посетувајќи и учествувајќи во низа меѓународни конференции, симпозиуми и престижни стручни семинари. Неговиот труд и посветеност во областа на протоколот, дипломатијата и безбедноста се препознаени од институциите во кои што работи преку низа признанија, пофалници и плакети доделени за особен придонес во протоколарното работење.

Образование

Оперативен Менаџмент

„Бизнис Академија Смилевски“, во Скопје

МБА – Специјалист за стратегиски менаџмент

Бизнис Академија Смилевски“, во Скопје

Oдбранбената дипломатија во сегментот на безбедносната политика

Институтот за безбедност, одбрана и мир, во рамки на Филозофскиот факултетот при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје

Значајни проекти