Роберт Јанкулоски
Редовен професор
„Уште со појавата на фотографијата, сликарот Пол Деларош изјавил дека сликарството е мртво, но тоа остана до денес. Така и со филмот, фотографијата остана. Филмот е понаративен, а фотографијата е многу визуелен медиум. Со една слика треба сè да раскажете“
Редовен професор на катедрата по фотографија
Предмети: фотографија, студиска фотографија
Роберт Јанкулоски роден 07.04.1969 во Прилеп, дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за Филмска и ТВ камера во 1997 година. Уште за време на студиите покрај изучувањето на тајните на филмската камера и подвижните слики пројавува интерес за фотографијата поради што за дипломска работа избира фотографска тема „Тонска репродукција во црно-белата фотографија”. Во 2011 магистрира на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА на тема „Црнобелата фотографија во современиот филм” при што го работи и краткометражниот игран филм „Митот за Сара” во режија на Саша Станишиќ. Јанкулоски во 2014
година се стекнува со научно наставното звање Вонреден професор на УАУ – ЕСРА во Скопје, истата година станува декан на Факултетот за филмски уметности при истиот универзитет. Јанкулоски има организирано 32 самостојни изложби на фотографии од кои што 17 во галерии надвор од границите на Македонија. Ако на ова додадеме преку 90 групни изложби како и 8 награди за фотографија, гледаме дека станува збор за зрел и сериозен автор. Исто така Јанкулоски повеќе од 20 години работи на истражување на старата
македонска фотографија при што има остварено извонредни резултати во афирмацијата на оваа уметност не само во Македонија туку и надвор од нејзините граници. Тука би ги издвоиле активностите после 2014 година како што се: изложбата насловена „Фотографското творештво на браќата Манаки во контекст на Првата светска војна“ организирана во рамките на Светскиот
конгрес на ФИАФ во галеријата на МАНУ во Скопје (2014), изложбата на фотографии „100 фотографии на Манаки“ во престижниот изложбен простор на реномираниот француски музеј Меморијал во Каен, Нормандија (2016), а како круна на шеснаесетгодишната истражувачка работа на творештвото на Манаки секако е монографијата насловена „Манаки, приказна во слики“ издадена во 2017 година како и 72-минутниот документарен филм со ист наслов. Покрај богатата уметничка активност Јанкулоски е подеднакво активен и во делот на научно наставната работа. Паралелно со редовната настава на својот матичен факултет во 2015 година станува визитинг професор на Академија Нова од Белград и хонорарен професор на Филмската Академија при УГД, Штип. Во 2016 година на покана од организаторите на Фестивалот на
македонската кинематографија одржува предавање во Сиднеј, Австралија на тема „Старата македонска фотографија“. Во соработка со катедрата по фотографија на Факултетот за применета уметност од Дортмунд, Германија и катедрата по фотографија при Академија Нова од Белград во 2017 година со свои студенти и предавања учествува на три фото работилници на тема „Идентитет“ и тоа во Белград, Скопје и Дортмунд.
Nullam ac urna eu felis dapibus condimentum sit amet a augue. Sed non maur is vitae erat consequat auctor eu in elit. Class aptent taciti sociosqu ad litora to rquent per conubia nostra, per inceptos himenaeos. Mauris in erat justo nullam ac urna eu felis dapibus condimentum sit amet a augue. Sed non neque elit ed ut imperdiet nisi. Proin condimentum fermentum nunc uorem Ipsn gravi daei.
My education
ФДУ - Скопје
Филмска и ТВ камера
ЕСРА - Скопје
Факултет за Филмски уметности
My expirience
Венециско Биенале (2022)
Landscape Experience
МАНАКИ - Приказна во слики (2017)
Книга за фотографското творештво на браќата Манаки