Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Љупчо Сотироски

Љупчо Сотироски

Редовен професор

"Мирот започнува во секој од нас. "Кога имаме внатрешен мир, може да бидеме во мир со оние околу нас"

email: ljupco.sotiroski@gmail.com

Редовен професор на факултетот за филмски уметности,

Институт за аудиовизуелни студии и дигитална заштита

Предмети: Kомуникација на аудивизуелни медиуми

Д-р Љупчо Сотироски е Редовен професор, со завршени Докторски студии на Универзитет от„Св. Кирил и Методиј”, Правен факултет „Јустинијан Први” – Скопјe, Институт за меѓународно право и меѓународни односи, Магистерски студии на Универзитетот во Лајден, Холандија на Правниот факултет-Институт за меѓународно воздухопловно и вселенско право и Правни студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Правен факултет.

Д-р.Сотироски има богато работно искуство во Македонската влада и Агенцијата за цивилно воздухопловство. Активен е во бројни работни групи, учесник и предавач на домашни и меѓународни конференциии, семинари, дебати, член на меѓународни здруженија, Jean Monnet професор, член на Европски проектни акции на Европската комисија – COST( Еuropean Cooperation in Science and Technology), домашни и меѓународни научно истражувачки проекти.

Во рамките на академската средина особено е нагласена неговата улога во промоција на ERASMUS+ Програмата која ги апсолвира сите тековни шеми на ЕУ за образование, обука, млади и спорт и мобилност.

Д-р. Сотироски е избран за Редовен професор во областа на Правото и Политиките на Европската унија, со посебен овсрт на Аудиовизуелната политика на Унијата и земјите членки.

Академската кариера на Д-р.Сотироски се карактеризира со мултидисциплинарен пристап  во повеќе научни дисциплини и научни полиња ( предавач и научен истражувач на предметите Меѓународно јавно право, Социлјано претприемништво, Надворешна политика и безбедносна политика на ЕУ, Решавање конфликти, Медијација  и Глобализација).

Од декември 2021 година е вработен  на Универзитет за аудиовизуелни уметности
европска, филмска, театарска и танцова академија -Институтот за аудиовизуелни студии и дигитална заштита, предавач на Факултетот за филмски уметности во Студиската програма – Аудиовизуелни уметности,  одговорен за наставниот предмет на Втор циклус на студии:  Комуникација на аудивизуелни медиуми.

Д-р. Сотироски е исклучително  посветен во истражување од областа на , дигитализиација и иновации, управување со деловно работење, социјално претприемништво, заштита на животната средина и  медијација.

Автор е на бројни објавени трудови во престижни издавачки списанија во земјата и странство.

Во периодот од 2002 до 2005 година работи во Брисел во Европската комисија на прокетни активности.

Д-р. Сотироски е промотор и подржувач на македонските културни,уметнички  вредности и научни достигнувања.

Образование

Дипломски студии

Правен факултет, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Магистерски студии

Универзитет во Лајден,Холандија на Правниот факултет-Институт за меѓународно јавно и приватно воздухопловно и вселенско право

Докторски студии

Универзитет от„Св. Кирил и Методиј”, Правен факултет „Јустинијан Први`` - Скопјe

Значајни проекти

Project ASATC- Aviation Safety and Air Traffic (CARDS Program), Brussels,

Jean Monnet- Module-Policy and Politics of EU enlargement

ERASMUS MUNDUS, EC Mobility, Programme, Course MVV138K Masaryk, University, Law Faculty

CIRCECO PROJECT ERASMUS+ Programme, ``ONLINE MASTER STUDY PROGRAMME FOR CIRCULAR ECONOMY``