Кирил Пенушлиски
Вонреден професор
‘There are four lights!!’ - Capt. Jean - Luc Picard, ‘Chain of Command: Part II’
Вонреден професор на Факултетот за театарски уметности
Предмети: Историја на уметност 1-4
Кирил Пенушлиски е дел од Универзитетот Европа Прима од 2016 година. Неговите академски интереси се насочени првенствено кон визуелните уметности. Експерт за италијанската ренесансна уметност, тој сега најмногу работи и ја истражува модерната и современата уметност во поранешните југословенски републики. Aвтор на неколку монографски публикации, Кирил курирал повеќе изложби во Националната галерија на Република Македонија, Музејот на современата уметност во Скопје, Младинскиот културен центар во Скопје и во Музејот Palazzo Barberini во Рим.
Пенушлиски има посебен интерес за развојот на пред-воениот филм во Германија, како и за класичниот холивудски период, а во моментот подготвува нова монографија за историјата на филмот. Со долгогодишен интерес за историјата на фотографијата и стрипот, Кирил ги пречекува сите потенцијални постдипломци и докторанди на Универзитетот Европа Прима да му пристапат.
Образование
Diplôme national de docteur, Historie de l’art
Ecole Pratique des Hautes Etudes, Paris, France
Master in Literature in Art History
University of St Andrews, St. Andrews, UK
Bachelor of Arts in Art History
University of Massachusetts Amherst, Amherst, USA Institute Lorenzo de Medici, Florence, IT
Значајни проекти
2021 - 75 Години Друштво на ликовните уметници на Македонија
ДЛУМ и Национална галерија на Македонија
2020 - Првиот грев – првата доблест, 18. Зимски салон
ДЛУМ и Национална галерија на Македонија
2019 – Ателје, Радоста на сликањето, ретроспективна изложба на Рубенс Корубин
Национална галерија на Македонија