Братислав Зафировски
Вонреден професор
„За доброто уво и зуењето на комарецот е музика” (Ирвин Шо)
Редовен професор на катедрата по звучен инженеринг
Предмети:
Братислав Зафировски е роден во Скопје на 6 Ноември 1956 година. Ветеран во аудиоиндустријата на Р.Македонија и на бившите југословенски простори. На 10 годишна возраст се зачленува во аматерскиот радио клуб YU5CYZ при „Народна техника“ на Македонија. Тука остварува радио врски со радио-аматери од целиот свет преку краткобранови радио примопредаватели.Од тогаш најверојатно започнува неговата фасцинација и посветеност кон звукот (гласот) што излегува од „дрвената кутија“. Во 1970 г. се запишува во Електро машинскиот училишен центар „Никола Тесла“ во Скопје. Изучува електроника и телекомуникации. Следуваат 50 години плодна тон мајсторска кариера полна со патувања, концертни настапи, снимања, многу музика, технолошки револуции,трансформации, истражувања и образование. Последните 20 години неговото внимание е насочено кон филмот и филмскиот звук.
Образование
ESRA - Paris
Institut Superieur des Techniques du Son
ЕФТА
Факултет за филмски уметности
Значајни проекти
„Као Какао” - Леб и сол -1987г.
Инженеринг и продукција
Наше Маало” - ТВ серија
Директор на звук
Ефектот на среќа” - Игран филм
Дизајн на звук и супервизор на тонската монтажа