Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Ана Опачиќ

Ана Опачиќ

Доцент

Филмот треба да произлезе од уметникот по долго и емотивно спознавање на животот и светот, кога фактите од обичниот и секојдневен живот на платно делуваат алегорично, метафорично, па во нас предизвикуваат возвишени емоции и притоа нè облагородуваат.

email: anaopacick@gmail.com

Доцент на Факултетот за филмски и театарски уметности 

Предмети: Филмско сценарио, Сценографија (Драматургија на сценски простор)

Ана Опачиќ, 1990 Трогир, Хрватска. Дипломирала на Уметничката Академија во Сплит на смерот за Филм и видео. Магистрирала на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА во Скопје (Еуропа Прима) на катедрата за филмска и ТВ режија. Докторирала на Институтот за Македонска литература при УКИМ, на темата „Авторските политики во филмските адаптации: Смрт во Венеција (Лукино Висконти), Војчек (Вернер Херцог) и Огледало (Андреј Тарковски)“.

Од 2014 година работи како Доцент на Интернационалниот универзитет за аудиовизуелни уметности Еуропа Прима во Скопје, по предметите „Сценарио“ и „Драматургија на сценски простор“. Во во 2010 учествува на меѓународен студентски филмски камп ‘Interakcija’ како режисер, а во 2013 исто како режисер е учесник на Сараево талент кампус при Сараево Филм Фестивал. Од 2015-2019 беше стручен соработник на дневниот весникот Нова Македонија како професионален дописник за Филм. Ана Опачиќ има направено 8 професионални краткометражни филмови, околу 20 краткометражни филмови за време на студиите, како и неколку изложби и перформанси од уметноста на новите медиуми.

Член е и на ДФРМ Друштвото на филмски работници на Македонија.

Од 2018 е Основач и Директор на Фестивалот за нов европски филм BEACH FILM FESTIVAL, како и автор на бројни проекти.

Образование

Umjetnicka akademija u Splitu UMAS

Baccalaureate Film i video

ESRA Univerzitet za audiovizuelni umetnosti

Master Filmska i tv rezija

UKIM Institut za makedonska literatura

PhD Kulturologija

Значајни проекти

Yellow parasol (краток филм, 2014)

Режија и сценарио

магнолија (краток филм, 2018)

Режија и сценарио

Beach film festival Festival of the New European film (2018- )

Директор на фестивалот