Редовен професор на факултетот за музички уметности
Предмети: Солфеж, Теорија на музиката, Историја на филмската музика и Методологија на научно истражување
Д-р Александар Трајковски (1978) е музички теоретичар, истражувач, педагог и публицист. Своите истражувања од областа на музичката уметност ги сублимира во книгите „Музиката во македонскиот игран филм: од ‘Фросина’ до ‘Лазар’“, „70 години Академско културно-уметничко друштво ‘Мирче Ацев’“ и „Зина Креља, сопран, првенка на Операта при Македонскиот народен театар“, како и во преку 30 научни трудови публикувани во реномирани музички и културолошки списанија и научни зборници. Со свои авторски трудови учествува на повеќе меѓународни конференции и симпозиуми во земјава и во странство, кои обработуваат теми од областа на музикологијата и музичката педагогија, а учесник е и во повеќе домашни и меѓународни научно-истражувачки проекти од областа на музичката уметност. Еден е од иницијаторите за покренување на списанието за аудиовизуелни уметности „Линк“, од чие формирање е назначен за негов главен и одговорен уредник.
Во текот на својата кариера извршува повеќе општествени функции – ректор на ИУ „Еуропа прима“, претседател на Управен одбор на НУ Национална опера и балет, претседател на Управен одбор на СОС Детско село – Македонија и тн.
Добитник е на наградата „13 Ноември“ од областа на публицистиката, за 2019 година.
Образование
Додипломски и постдипломски студии
Универзитет „Св. Кирил Методиј“ – Скопје, Факултетот за музичка уметност
Докторски студии
Универзитет „Св. Кирил Методиј“ – Скопје, Институт за социолошки и политичко - правни истражувања
Значајни проекти
„Музиката во македонскиот игран филм: од ‘Фросина’ до ‘Лазар’“ – публикувана книга
Автор
„Унгарските музички уметници на македонската културна сцена“ – меѓународeн научно-истражувачки проект
Автор - истражувач
„Периодизација на македонската забавна музика од почетоците до 2020 година“ – научно-истражувачки проект
Автор - истражувач