Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

Image Alt

Услови за студирање

Услови за студирање

Додипломските студии траат четири години, со што студентот се стекнува со 240 ЕКТС.

Студентите со 240 ЕКТС имаат право да се запишат на магистерски студии (мастер студии) од втор циклус, со што ќе стекнат со  дополнителни 60 кредити, и со звање (дефинирано во Diploma Supplement) – MA (Master of Arts).

ШКОЛАРИНА

Висината на годишната школарина за студиската 2024/2025година изнесува 2.500 евра во денарска противвредност, за секоја од четирите студиски години.

ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ
Цената на сите смерови на постдипломските студии (едногодишни) изнесува 2.000 eur во денарска противвредност, и дополнителни 500 eur во денарска противвредност за одбрана на магистерскиот труд.
НАЧИН НА УПЛАТА
  • еднократно, со што стекнува право на 20% попуст
  • можност за плаќање на две, четири, шест или десет рати без камата
    Во школарината не се вклучени и трошоците за редовната заверка на семестрите, пријавување на испити,  издавање на уверенија за статус на редовен студент, издавање на уверенија за положени испити, уверение за стекнато високо образование и диплома и друго.
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА УПИС НА УНИВЕРЗИТЕТОТ
Пријавување

Студентите кои се одлучиле да конкурираат на Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима имаат можност да се пријават согласно условите за запишување објавени во конкурсот.

Приемен испит

Приемните испити се одвиваат во два рока: јуни и септември. Секој студент треба да дојде на приемниот испит, каде ќе се врши проценка на афинитетот и степенот на познавање на материјата, за соодветната катедра, од страна на кандидатот.

Запишување и стекнување статус редовен студент.

Студентот се запишува на Универзитетот и се стекнува со статус на редовен студент откако ќе го помине приемниот испит, ќе ја уплати првата рата и ќе ги поднесе следниве документи:

  • Пријава за приемен испит,
  • Свидетелства од средно образование,
  • Диплома за положен завршен испит,
  • Извод од матична книга на родени,
  • Државјанство,
  • 2 фотографии,

Потпишување на Договор за студирање. Секој студент потпишува договор за студирање во кој се прецизираат условите за студирање, висината на школарината и правата и обврските на студентот и на Универзитетот.

  • Финансиски гарант – студентот самиот го потпишува Договорот, но за тоа е неопходна изјава од финансиски гарант родител, старател, спонзор, итн.
  • Потпишување на Анекс кон договорот. Во Анексот кон Договорот се прецизира динамиката на плаќање, која секој студент ја одбира на почетокот на студиската година.

По запишувањето на овој Универзитет, со студентите се работи во мали групи, а по потреба и индивидуално, со цел постигнување темелни знаења, и висок степен на професионализам.

ПРАВИЛА И ПРОЦЕДУРИ ЗА ТЕКОТ НА СТУДИИТЕ
Запишување на семестар

Секој студент мора да го запише семестарот во рок кој го задава Универзитетот. При запишувањето на семестарот студентот ги внесува задолжителните и изборни предмети, кои мора да ги положи.

Услов

Услов за запишување на секој следен семестар е положување на четири предмети од претходниот семестар.

Заверка на семестар

Студентот, откако ќе ги ислуша неопходниот број на предмети задолжителни и изборни, се стекнува со право на заверка на семестарот. Секој завршен семестар мора да се завери. За заверка задолжително е студентот да има собрано потписи за најмалку четири предмети.

Запишување на семестар

Секој студент мора да стекне услов за запишување на секој следен семестар. Бројот на положени испити за услов е четири.

Пријавување на испити

Пријавувањето на испитите треба да се направи во објавените рокови. Секоја пријава мора да биде точно и јасно пополнета, во спротивно нема да биде земена во предвид.

Сесии

По завршувањето на секој семестар следи сесија со два рока за полагање.  Редовните сесии се одвиваат во јануари, јуни и септември. Покрај редовните по потреба се закажуваат и вонредни испитни сесии.

Колоквиуми и испити

Секој студент има можност, дел од предметите да ги полага низ колоквиуми, при што за да се стекне со оценка треба да ги положи сите колоквиуми во континуитет.

Начин на оценување

Согласно Болоњскиот систем, секој студент се следи и оценува во текот на целиот семестар. Од можните 100% од оценката, 49% отпаѓаат на редовност, активност и проектни активности, а 51% на оцената од завршниот испит, односно од колоквиумите.

Статус мирување

Секој студент има право да ги стави студиите во мирување доколку од здравствени, финансиски или други причини не е во можност да го продолжи студирањето. Условите за статус на студии во мирување се прецизирани во Договорот за студирање.

Треба сосем малку за сонот да стане утро.

Аплицирај!