Meto Jovanovski
Мето Јовановски (роден во 1946 во с. Панчарево, Пехчевско) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Мето Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија.[1]
Филмографија
- Златна петорка, 2016
- Енклава, 2015
- Index Zero, 2014
- Деца на сонцето, 2014
- Трето полувреме, 2012
- Бели, бели свет, 2009
- Тајната книга, 2006
- Големата вода, 2004
- Стршлен, 1998
- Ливада, 1998
- Божо Шпрајц, 1996
- Нечиста крв, 1996
- Ангели на отпад, 1995
- Пред дождот, 1994
- Македонска сага, 1993
- Јевреји долазе, 1992
- Тетовирање, 1991
- Заминувањето од Пасквелија, 1991
- Опстанок, 1990
- Куќа покрај пругите, 1988
- За сега без добар наслов, 1988
- Трст виа Скопје, 1987
- Хај-фај, 1987
- На пат за Катанга, 1987
- Среќна Нова `49, 1986
- Трговецот од Солун, 1985
- Нели ти реков, 1984
- Диво месо, 1984
- Комедијанти, 1984
- Кратка средба, 1984
- Црвениот коњ, 1983
- Настојување, 1982
- Илинден , 1982
- Тумба, тумба, дивина, 1982
- Доротеј, 1981
- Оловна бригада, 1980
- Учителот, 1980
- Време води, 1980
- Најдолгиот пат, 1977
- Пресуда, 1977
- Сослушувањето на железничарот, 1977
Награди
- Пет пати прогласен за Глумец на годината според списанието „Екран“;
- Седум пати наградуван на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп;
- Четири пати Лауреат на наградата „Милтон Манаки“
- Награда на градот Скопје „13 Ноември“
- Републичка награда „11 Октомври“ за поединечно актерско остварување (1980)
- Републичка награда „11 Октомври“ за долгогодишни, особено значајни остварувања од интерес на државата (1982);
- Државна награда на Република Македонија награда „Св. Климент Охридски“
- Златен венец на Фестивалот на Малите и експериментални сцени во Сараево (МЕСС), два пати за улогите во „Еригон“ и „Карамазови“;
- Златна маска од весникот „Вечер“ за улогата на Порфирие во „Злосторство и казна“ (Охридско лето)
- Две Гран-при награди на Филмскиот фестивал во Ниш за остварувања во филмовите „Среќна нова `49“ и „Тетовирање“
- Награда за најдобра машка епизодна улога во филмот „Црвениот коњ“, на Филмскиот фестивал во Ниш;
- Златна значка во Филмскиот фестивал во Врњачка Бања
- Златна клапа во Белград, за придонес во филмската уметност
- Награда за најдобра машка улога на Меѓународниот фестивал на експериментални сцени во Риека, за улогата на Бесемјонов во „Малограѓани“ од Горки, во режија на Паоло Маџели, работена во Црногорско народно позориште;
- Награда за најдобра машка улога за улогата на Момо во претставата „Комшилук наопаку“, на меѓународен театарскиот фестивал „Маруличеви денови“ – Сплит, 2008
- Мето Јовановски е почесен член на Црногорско народно позориште;
- Награда на театарскиот фестивал „Ристо Шишков“ – 2008, за најдобро глумечко остварување во претставата „Коза, или која е Силвија“ од Едвард Олби, во режија на Дино Мустафиќ, Драмски театар.
- Награда „Петре Прличко“ – 2010
Share: