Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Новости

Драмски театар Скопје на 24 Септември премиерно ќе ја изведе претставата „Еригон“ од Јордан Плевнеш во режија на Јани Бојаџи, праизведена во 1982 година во режија на Љубиша Геогриевски.Уметничкиот директор на ДТС Рубенс Муратовски на прес-конференција рече дека е храброст да се обнови претстава која била култна како што „Еригон“ била пред 33 години кога ги освоила наградите на најголемите фестивали во регионот, на Стериино позорје во Нови Сад, МЕСС во Сараево и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во

Македонскиот центар за фотографија, Кинотеката на Македонија и Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје Ве покануваат на презентацијата на тема: Историја на фотографијата, преку збирките на фотографската фондација М+М Оер“.Фотографското богатство на Фондацијата ќе го презентира основачот Г-дин Мишел Оер. Презентацијата ќе се одржи во Галеријата на Кинотека на Македонија, 30.09.2015 (среда) во 19 часот.Фотографската фондација М+М Оер е основана во 2009 година со цел да се заштитат и промовираат постојаните збирки како и да се надополнат со нови фотографски дела.

Ве покануваме на официјалната премиера на документарниот филм за Љубе Цветановски која ќе се случи во рамките на Интернационалниот фестивал на филмска камера "Браќа Манаки" во Битола. Петок 25 Септември, почеток во 19 часот, Народен театар - Битола,

Прилог на Backstage од првиот академски час на Универзитетот за аудиовизуелни уметности.Сите заинтересирани кандидати ги потесетуваме дека уписите за додипломски студии траат до 1 Октомври 2015, а за постдипломски до 1 Ноември 2015.

По повод почетокот на новата академска година, имаме чест да Ве поканиме на првиот учебен ден на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, кој ќе се одржи на 15 Септември 2015, со почеток во 11.00 часот, во просториите на нашиот Универзитет.Во рамките на свечената церемонија ќе бидат доделени индексите на новозапишаните студенти, а своите дипломи ќе ги добијат завршените студенти на додипломските и постдипломските студии. Покрај ова церемонијата ќе биде збогатена и со прогласување на легендарното име на македонскиот театар и

ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА ВО РАМКИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ БРАЌА МАНАКИ НА ТЕМА „ДИСКРЕТНИОТ ШАРМ НА МАКЕДОНСКAТА КИНЕМАТОГРАФИЈА“: ЕСТЕТСКИ И АФИРМАТИВНИ РЕФЛЕКСИИ НА ФИЛМСКАТА ПРОДУКЦИЈА ВО ЧЕТВРТ ВЕК 22 септември, 13.30 часот, Мала сала, Центар за култура Битола Автор на истражувањето е Ана Василевска, магистрант на Катедрата за филмска и тв-режија на Универзитетот за аудиовизуелна уметност-ЕСРА, во соработка со Институтот за аудиовизуелни уметности при истоимениот универзитет. Еволуцијата на македонскиот долгометражен игран филм во периодот од осамостојувањето на државата до денес, процесот на нови креативни и продукциски визии

Европската праизведба на пиесата “Кирил и Методи who are you” од Јордан Плевнеш во режија на Марин Кочовски, а во изведба на Народниот театар од Прилеп во ко-продукција со Сфумато театарот од Софија, Киклос театарот од Солун и Нета (Новата театарска акција во Европа), синоќа беше изведена на Големата сцена на Националниот театар во Букурешт во рамките на Европскиот театарски фестивал и наиде на сјаен прием кај фестивалската публика која ја награди со долготрајни овации.По самата претстава разговорите ги

Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Г-динот Јордан Плевнеш на Граѓанскиот форум на Самитот на Западен Балкан во Виена го презентираше проектот “Аудиовизуелните мостови на Југоисточна Европа” преку искуствата на Фестивалот на Југоисточна Европа во Париз (SEE a Paris) и Берлин(SOE in Berlin). Покрај тоа беше презентиран и двегодишниот научно истражувачки проект SEE IP ART TV, во кој се вклучени поголем број на професори од Универзитетот за аудиовизуелни уметности и експерти од Европа и  Балканот .SEE IP ART TV

Мето Јовановски, легендарното име на македонскиот театар и филм, со неговиот уметнички опус, големиот број на национални и интернационални признанија, кои го издигнуваат на врвот на македонската култура, беше повод Наставно-научниот совет на Универзитетот за аудиовизуелни уметности да го прогласи со највисокото Универзитетско звање – Doctor Honoris Causa, со што се вброи во плејадата на големите имиња како што се Јиржи Менцел, Шарл Азнавур, Маноел Де Оливеира, Жан Клод Кариер, Мики Манојловиќ, Александар Морфов, Абдулах Сидран и

„Љубовта и единството не се теми на денешниот глобален свет. Единство нема ниту во Европа и Америка, ниту на Истокот, ниту на Балканот, ниту на архипелазите“. Ова беше воведната реплика на актерот Ѓорѓи Јолевски во претставата „Кирил и Методиј: who are you?“ која ја доживеа својата праизведба на 14 Август 2015 на летната сцена „Долни Сарај“ во рамки на годинешното издание на Охридско лето.  Актерите од прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ во копродукција со „Сфумато“ театарот од Софија и „НЕТА“ од