Симпозиум на тема: “Женските права низ призмата на аудиовизуелните уметности во Југо-Источна Европа”
Програма:19 Ноември 2015, Кинотека на Македонија18.00 - Отворање на конференцијата18.30 - Проекција на документарниот филм “Цената на сексот”, реж. Мими Чакарова, Бугарија19.30 - Коктел20 Ноември, Универзитет за аудиовизуелни уметности11.00 - Симпозиум: “Женските права низ призмата на аудиовизуелните уметности во Југо-Источна Европа”14.00 - Пауза16.00 - Работилница со Весна Дамчевска (новинар во Нова Македонија): “Од собата до Холивуд – Сликата на жената уметник во биографскиот филм”18.00 - Проекција на документарен филм (Кинотека на Македонија) “Кисмет”, реж.
Студентот Зоран Шеќеров со прва награда на конкурсот “Млади уметници”
Студентот Зоран Шекеров со прва награда на конкурсот за „Млади Уметници“ Во просториите на Националната галерија „Мала станица“, вчера се одржа вториот по ред конкурс за „Млади уметници“ организиран од страна на Агенцијата за млади и спорт. Студентот по фотографија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Есра, Зоран Шекеров, освои прва награда во вредност од 40.000 денари со фотографијата „Говор на тело“. Оваа година, за разлика од претходната, конкуренција беше значително подобра, со пристигнати повеќе од 150 дела во пет различни
Награда за Мето Јовановски во Црногорско Нарoдно Позориште
Вчера во Црногорскот народно позориштево ПодгорицаГОЛЕМА НАГРАДА ЗА ВЕЛИКАНОТ НА МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР И ФИЛМ МЕТО ЈОВАНОСКИ Култниот македонски актер Мето Јовановски кој неодамна беше прогласен за Doctor Honora Causa на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, наредувајќи се на тој начин на врвот на светската театарска и филкмска уметност, вчераво престолнината на Црна Гора се стекна со уште едно високо меѓународно признание од редицата награди од различни светски центри. Мето Јовановски е добитник на „Големата награда“ на Црногорското народно позориштеза најзначаен уметнички резултат
Гостување на францускиот театар Ефемерид во Македонија
Во организација на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Драмскиот театар и Народниот театар од Битола, Македонија ќе биде дел од европската турнеја на театарот Ефемерид кој токму кај нас ќе ја има праизведбата на драмата “Исповед на една мазохистка”, чиј автор е едно од најголемите имиња на чешката драматургија Роман Сикора. Драмата “Исповед на една мазохистка” е една потресна симболичка и социјална слика на апсурдот во пост-комунистичката епоха на Европа и претставува сјајна драматуршка иновација која ќе је плени македонската
Универзитетот за аудиовизуелни уметности со три награди на фестивалот “Арт Амфора” во Варна, Бугарија
На престижниот меѓународен фестивал "Арт Амфора" кој по 15-ти пат се одржа во Варна, Бугарија од 24 до 27 Септември 2015, а третира телевизиски и филмски програми работени за деца и младинци, Универзитетот за аудиовизуелни уметности доби три награди. Имено документарниот филм "Досие НЛО" работен по сценарио и режија на Ирена Каровска доби специјална награда, награда за камера му беше доделана на Александар Терпини за документарниот филм "Рокументарец", а посебно изненадување за жири комисијата предизвика документарниот филм "Заборавените" на Константин
НОВА ПОСТАНОВКА НА „ЕРИГОН“ ОД ПЛЕВНЕШ ВО РЕЖИЈА НА ЈАНИ БОЈАЏИ
Драмски театар Скопје на 24 Септември премиерно ќе ја изведе претставата „Еригон“ од Јордан Плевнеш во режија на Јани Бојаџи, праизведена во 1982 година во режија на Љубиша Геогриевски.Уметничкиот директор на ДТС Рубенс Муратовски на прес-конференција рече дека е храброст да се обнови претстава која била култна како што „Еригон“ била пред 33 години кога ги освоила наградите на најголемите фестивали во регионот, на Стериино позорје во Нови Сад, МЕСС во Сараево и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во
Презентација на тема: “Историја на фотографијата, преку збирките на фотографската фондација М+М Оер”.
Македонскиот центар за фотографија, Кинотеката на Македонија и Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје Ве покануваат на презентацијата на тема: Историја на фотографијата, преку збирките на фотографската фондација М+М Оер“.Фотографското богатство на Фондацијата ќе го презентира основачот Г-дин Мишел Оер. Презентацијата ќе се одржи во Галеријата на Кинотека на Македонија, 30.09.2015 (среда) во 19 часот.Фотографската фондација М+М Оер е основана во 2009 година со цел да се заштитат и промовираат постојаните збирки како и да се надополнат со нови фотографски дела.
Премиера на филмот “Детето во светот” на Манаки
Ве покануваме на официјалната премиера на документарниот филм за Љубе Цветановски која ќе се случи во рамките на Интернационалниот фестивал на филмска камера "Браќа Манаки" во Битола. Петок 25 Септември, почеток во 19 часот, Народен театар - Битола,
Прв академски час на Универзитетот за аудиовизуелни уметности
Прилог на Backstage од првиот академски час на Универзитетот за аудиовизуелни уметности.Сите заинтересирани кандидати ги потесетуваме дека уписите за додипломски студии траат до 1 Октомври 2015, а за постдипломски до 1 Ноември 2015.
На 15 Септември почнува новата академска година на Универзитетот за аудиовизуелни уметности
По повод почетокот на новата академска година, имаме чест да Ве поканиме на првиот учебен ден на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, кој ќе се одржи на 15 Септември 2015, со почеток во 11.00 часот, во просториите на нашиот Универзитет.Во рамките на свечената церемонија ќе бидат доделени индексите на новозапишаните студенти, а своите дипломи ќе ги добијат завршените студенти на додипломските и постдипломските студии. Покрај ова церемонијата ќе биде збогатена и со прогласување на легендарното име на македонскиот театар и