ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА СО УНИВЕРЗИТЕТОТ „МЕДИТЕРАН“ ОД ПОДГОРИЦА, ЦРНА ГОРА
Денес, во Подгорица, свечено беше потпишан договор за соработка помеѓу Универзитетот „Медитеран“ од Подгорица и Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија – Скопје. Договорот го потпишаа ректорот на УАУ ЕФТА – Скопје, Амбасадорот Јордан Плевнеш, и ректорот на Универзитетот „Медитеран“, Проф. Д-р Ненад Вуковиќ.Со овој документ се предвидува соработката помеѓу двете институции во областите на развивање на заеднички истражувачки активности, заедничка работа во стручни и научни проекти, размена на студенти и наставен кадар, развој на
КОНКУРС ЗА КРАТОК ФИЛМ
Францускиот институт во Скопје годинава организира натпревар на 3 минутни видеа, којшто се одржува во рамките на Фестивалот на француски филм во Македонија. Натпреварот е наменет за младите од 18 до 28 години, коишто треба да снимаат мини-видео со мобилн телефон на тема „слобода на изразување“.Првата награда е престој во Франција и часови по француски јазик. Познавањето на францускиот јазик не е задолжително. Сите дополнителни информации, формулар за учество на бесплатните работилници за изготовка на мини-видео (кои се факултативни) се достапни наследниот
КОНКУРС ЗА УПИС ВО УЧЕБНАТА 2016/2017
Врз основа на член 57, член 108 и член 110 од Законот за високото образование („Службен весник на РМ“ број 35/2008), Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска Театарска и Танцова академија ЕФТА Скопје објавува КОНКУРС за запишување студенти во прва година на прв и втор циклус студии во учебната 2016/2017 година.1. Број на студентиНа факултетите (единиците) на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Европска Филмска Театарска и Танцова академија ЕФТА-Скопје, во прва година на прв циклус универзитетски студии (додипломски студии) и на
Посета на Бојана Филм
Минатата недела (на 31 март), група студенти и професори на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, беше во посета на студиото Бојана Филм, во Софија, Р. Бугарија. Во прилог следат повеќе фотографии од посетата.
6то издание на Филозофскиот Филмски Фестивал
Од 7 до 9 април 2016 во Кинотеката на Македонија ќе се одржи шестото издание на Филозофскиот Филмски Фестивал. Во рамките на Главната програма на Фестивалот предвидени се три проекции на филмови, излагања на тема со еминентни професори по филозофија од Македонија, и секако отворени дискусии со публиката. Исто така, оваа година како дел од Придружната програма на Фестивалот во изминативе два месеци беа организирани два специјални настани за учениците од средните училишта и за студентите од Филозофскиот факултет
ОБУКИ ЗА АПЛИКАТИВНА МУЗИКА И МУЗИКОТЕРАПИЈА
УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА АУДИОВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ ОРГАНИЗИРАОБУКИ ЗА АПЛИКАТИВНА МУЗИКА И МУЗИКОТЕРАПИЈА Обуките нудат нов концепт на специјализирано образование за возрасни со примена на најнови истражувачки искуства во психологијата на музиката и музикотерапијата во концептот на применетата музика и искористувањето на музичките искуства во немузички цели. Обуката е наменета за сите заинтересирани, чиј профил на образование е од областа на образованието, медицината, психологијата, дефектологијатa, музичката уметност, драмската уметност и ликовната уметност. Изведбата на обуките ќе се одвива
Париз го чествува Чинго
На 24 февруари, во една од најстарите образовни институции на СОРБОНА, Институтот за ориентални јазици и цивилизации, ќе се одржи симпозиум посветен на големото име на македонската кнжевност на интернационален план, Живко Чинго (1935-1987). Воведно обраќање на симпозиумот ќе има Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Јордан Плевнеш, а по повод второто издание на култниот роман “Големата вода”, кој го објави издавачката куќа
Промоција на драмите на Јордан Плевнеш во МНТ
Во Македонскиот народен театар на 21 јануари 2016, со почеток во 20 часот, непосредно пред почетокот на изведбата на претставата „Вечната куќа“, ќе биде промовирано изданието на собраните драми на Јордан Плевнеш, коишто се играни во повеќе европски и светски земји. Ексклузивната книга е во издание на Македонскиот народен театар.Приредувач е д-р Јелена Лужина, а присутните со пригодна реч, во присуство на авторот Јордан Плевнеш, ќе ги поздрави добитникот на наградата за хуманизам 2016, хрватскиот академик Дарко Гашпаровиќ.
Премиера на филмот “Обожение”
"Обожение" е дипломски филм на студентите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов. Премиерата е дел од програмата на роденденот на МКЦ на 16 Јануари, со почеток во 20.00 часот, во Кино Фросина. Влезот е слободен. По завршувањето на премиерата следува концерт во салата 25 Мај на 13 македонски бенда "ОД ДРУГАТА СТРАНА" кои го слават делото на "Падот на