УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА АУДИОВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ, ПАРТНЕР ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ТРАВНИК, БИХ
Меѓународниот универзитет Травник, во соработка со академските партнери Универзитетот „АНГЕЛ КАНЧЕВ“, од Русе, Бугарија и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА, Република Македонија ја организираат XX меѓународната конференција „ЕКОНОМИЈА И ГЛОБАЛИЗАЦИЈА, ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И МЕДИУМИТЕ ВО КОНТЕКСТ НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА ВО ЗЕМЈИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН“ што ќе се одржи на 13 и 14 декември 2019 година во Власиќ, хотел Пахуjица.
ЕВРОПСКИ КУЛТУРЕН КАРАВАН НИЗ МАКЕДОНИЈА
Во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“, поддржана од Министерството за кулутра, Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија – Скопје, во пероидот од 4 до 15 Ноември 2019, ќе го презентира својот проект „Европски културен караван“. Проектот опфаќа серија од уметнички перформанси на студентите од Универзитетот за аудиовизуелни уметности од класата Актерска игра на професорот Мето Јовановски, едно од најголемите актерски имиња во нашата земја. Програмата ќе се изведе во 8 града
4Д – МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ДИГИТАЛНИТЕ МЕДИУМИ И ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Во организација на Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје, на 14, 15 и 16 јуни 2019 година, во просториите на универзитетот и Кинотека на Македонија, ќе се одржи екслузивна меѓународна конференција посветена на дигиталните медиуми и високото образование, под наслов: „4Д – Дигитално општество, дигитална безбедност, дигитални медиуми, дигитална иднина“. Главен гостин на конференцијата е еден од најголемите експерти за дигитално општество на глобален план, Ерол Саутерс, претседател на меѓународната програма “CREATE”, од Универзитетот на Јужна Калифорнија од Лос Анѓелес. Покрај
ПОРТРЕТ НА РАДОВАН ПАВЛОВСКИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА АУДИОВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ
На 12 април во 12 часот, во Драмското студио на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија - Скопје, ул. „Никола Русински“ бр. 1., ќе се одржи Поетски портрет на академик Радован Павловски, еден од најзначајните творци на македонската поетска ризница, на европско и светско ниво. Во сценската изведба учествуваат студенти од прва година на Актерска игра, Режија, Композиција и Звучен инженеринг, под раководство на Доц. Лилјана Котевска-Плевнеш, професор по македонски