Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Новости

Со изведба на претставата „Суд за морални вредности“ по текст на постдипломката по дрматургија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Маре Ристеска, а во изведба на театарската група на Црвениот крст Охрид, синоќа во предворјето на црквата „Св. Софија“ започна првиот аматерски младински театарски фестивал насловен како „Вдиши театар“. Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА го поддржа овој настан со доделување на 5 стипендии за најдобрите учесници. Пред бројните присутни, претседателот на

Македонскиот писател со интернационално реноме, Јордан Плевнеш, Ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, е добитник на највисокото признание на Министерството за култура на Бугарија – “Златен век, Св. Кирил и Методи”, кое се доделува на денот на Св. Кирил и Методи, Апостолите на словенската писменост. Ова високо признание до сега го добиле само пет добитници од Европа. Наградата му е доделана за неговото уметничко творештво, за неговата мисија во доближувањето на балканските култури и за

Од 23 до 25 мај 2014 ќе се одржи првото издание на Кино Бразил, фестивал на бразилски филмови, на кој ќе гостуваат 4 режисери и продуценти од Бразил. Ќе бидат прикажани 24 филма од поновата Бразилска продукција, повеќе краткометражни филмови, и еден долгометражен филм од контроверзниот бразилски режисер Кико Гоифман. Web: www.kinobrasilfilmfestival.tumblr.com Facebook: www.facebook.com/KinoBrasilFilmFest Програма: ПЕТОК 23 мај 20:00 Кинотека - Oтворање на фестивалот и проекција на кратки филмови 21.30 ТВ Студио ЕСРА - Журка

Студентот по фотографија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Зоран Шекеров, освои четврта награда во документарна фотографија на Интернационалиот конкурс за фотографија Ровињ фотодејс. Во почетокот на овој месец во Ровињ се одржаа традиционалните фотографски денови. Овој пат за разлика од минатите години конкурсот беше Интернационален, а на него беа пријавени над 10.000 фотографии од 700 фотографи низ целиот свет, помеѓу кои се најде и студентот Зоран Шекеров со освоено четврто

Во рамките на Скопскиот филмски фестивал (кој се одржува од 23 до 30 април 2014), во соработка со Универзитетот за аудиовизулени уметности ЕСРА, на 29 април ќе се одржи предавање на македонскиот режисер Иво Трајков, кој живее и работи, односно предава на ФАМУ во Прага.  Предавањето е на тема: "Анализа на драмската структура и изградбата на ликовите како основа за филмска нарација". Во предавањето ќе се дефинираат основните на поими на филмската

Фестивалот SEE a Paris, преку филмот по четврти пат ќе ги обедини земјите на Југо-Источна Европа Фестивалот на кинематографиите од Југо-Источна Европа во Париз по четврти пат ќе се одржи во периодот помеѓу 27 и 30 Април 2014. Свеченото отворање ќе се случи во една од најпрестижните париски сали, Театарот Ле Палас (www.theatrelepalace.fr), а веќе од наредниот ден, исто како и минатите три години програмата ќе продолжи во културниот центар L'Entrepôt и во

Уни­вер­зи­те­тот за ау­ди­о­ви­зу­ел­ни умет­но­сти „ЕСРА Па­риз - Скоп­је - Њу­јорк“ пот­пи­ша ме­мо­ран­дум за со­ра­бо­тка со днев­ни­от вес­ник „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ за снима­ње на до­ку­мен­та­рен филм по по­вод 70-го­диш­ни­на­та од по­сто­е­ње­то на пр­ви­от ма­ке­дон­ски дне­вен вес­ник. Ре­кто­рот на уни­вер­зи­те­тот Јор­дан Плевнеш из­ја­ви де­ка ова е еден од нај­се­ри­оз­ни­те про­е­кти во по­сто­е­ње­то на ЕСРА.- Ќе по­кри­ва­ме ед­на хро­но­ло­ги­ја од 70 го­ди­ни од пр­ви­от вес­ник на ма­ке­дон­ски ја­зик, кој из­ле­зе на 29 октом­ври 1944 го­ди­на.

Во периодот од 10 до 15 март 2014, ќе се одржи втората фаза од интернационалниот студентски проект “Европа мојот идентиет”, во чија реализација учествуваат студенти на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Универзитетот за уметности Фолкванг од Есен, Германија и ЕСРА Франција. Проектот е поддржан од страна на Германско-Француската канцеларија за млади OFAJ - L'Office franco-allemand pour la Jeunesse (www.ofaj.org) и се реализира во три фази, по кои како краен резултат треба

Романот "Осмото светско чудо" на Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Јордан Плевнеш, кој што е веќе објавен на десетина јазици во светот, во превод на германски од страна на Вил Фирт, а во организација на мрежата Традуки, ќе биде претставен на Саемот на книгата во Лајпциг, кој ќе се одржи во периодот од 13 до 16 Март 2014. На штандот на Традуки, во рамките на претставувањето на авторите од Југо-Источна ЕВропа,

На 9 март 2014, со почеток во 20.00 часот, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи премиерата на германско-македонскиот филм “Macedonia Mon Amour”.  Филмот е во продукција на Convincet GmbH, cine plus Media Service GmbH & Co. KG и ЕФА Продукција и е реализиран со поддршка на Филмскиот фонд на Македонија.“Macedonia mon amour” е документарен филм кој не се развива во правецот на прикажувањето разни надворешни случувања, туку кон прикажување на речиси