Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Oсновачот на Rumble, Крис Павловски прогласен за Doctor Honoris Causa

На 17.5.2024 година, во просториите на Кинотека на Македонија, Интернационалниот универзитет Еуропа Прима го прогласи Крис Павловски за почесен доктор на науки во областа на дигиталната комуникација.

Воведна реч на настанот имаше ректорот на универзитетот Еуропа Прима, проф. д-р Александар Трајковски, кој ја претстави оваа образовна институција и нејзините достигнувања.
По него на присутните им се обрати основачот и претседател на универзитетот „Еуропа Прима“, Јордан Плевнеш потенцирајќи го успехот на Павловски во меѓународната бизнис арена и на улогата што платформата Рамбл ја има во слободното искажување на мисли и идеи, размената на искуства и информации, што е универзално демократско право на секој човек на планетава.