Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Милчо Узунов

Милчо Узунов

Доцент

„Технолошките достигнувања, особено во аудиовизуелните сфери, овозможија нов пристап кон визуелизацијата на човечката фантазија. Со запознавање и учење на нивните можности расте Вашата креативност, а со неа и вредноста на Ваште аудиовизуелни дела.“

Редовен професор на катедрата по филмски уметности

Милчо Узунов е роден 1974 година во Скопје. Средното образование го завршил во стручната гимназија за електротехника и електроника „Орце Николов“. Студирал на Електротехничкиот факултет во Скопје на катедрата за електроника и телекомуникации. Во областа на компјутерските технологии дипломирал и на Електротехничкиот факултет во Белград, „ВИСЕР“. Магистрирал на Универзитетот за аудиовизуелни уметности „ЕСРА“ – Скопје. Во 1994 година, заедно со уште тројца свои соработници ја основа една од првите продукциски куќи во С. Македонија „3Д ПРОЕКТ СТУДИО“. Со свои инженерски и технолошки решенија учесвувал во создавањето на многу електронски медиуми, како и во унапредување на значајните културни установи низ државата. Во 2007-та година прв пат применил multilayer проекција во Античкиот театар во Охрид со 12 проекциони површини и 5 синхронизирани леери на проектот „СОЛАРИС“. Член е и на тимот основачи на првото македонско научно списание „ЕМИТЕР“ за популаризација и примена на науката и техниката, а дел од неговата активна работа во полето на видеотехнологијата може да се прочита и во списанието за аудиовизуелни уметности „ЛИНК“, при Универзитетот ЕФТА – Скопје. Во рамките на универзитетот објавил три книги „Основи на сценската проекција“-2018,   „Видеотехнологија“-2020 и „Телевизиски системи“-2024.

 

Практични Часови со студентите

Образование

ЕТФ – УКИМ

Електроника и Телекомуникации

ВИСЕР – Белград

Компјутерски технологии

Значајни проекти

CEO “3D PROJECT Studio” – Скопје

Софтверска апликација во 4К резолуција за спортска статистика

Усовршување на репортажно возило за пренос во Живо.

Истражување во областа на видео содржина за просторна проекција.