Томислав Таневски
Вонреден професор
Музиката е пронајдок кој ги содржи во себе сите мудрости и филозофии, го усреќува и го облагодарува човекот и ја развива љубовта во него, не само кон убавото, туку и кон заедницата. Лудвиг Ван Бетовен
Редовен професор на катедрата по
Предмети:
Д-р Томислав Таневски е роден во Скопје во 1956 година каде што се стекнал со титулата Доктор на науки по музички науки во 2013 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје под менторство на Д-р Томе Манчев, каде исто така во 2010 година под негово менторство се стекнал со титулата магистер во методологијата на наставата по музика. Во меѓувреме се надградува од областа на музичката педагогија (композиција и оркестрација) и музичката психологија и се стекнува и со меѓународни сертификати за: “Монтесори педагог“ од страна на “Montessori Landesverband Bayern e.V. “ и “Обучувач за арт и драматерапија“ од страна на “Wolf + Water Art Company, England“.
Во својот работен и професионален ангажман работи и во Македонска Радио Телевизија(МРТВ), како музички продуцент на народна музика (посебно со оркестрите: чалгии на МРТВ, изворни инструменти на МРТВ и надворешни состави) и музика за деца, а бил и раководител на детскиот хор при МРТВ и детскиот хор “Златно славејче“, со кои снимил повеќе детски серии: “До-Ре-Ми“, “Весела Вртешка“, “Дајте музика“ и др
За својот музички опус, кој е со над 2000 минути снимена различна жанровска музика со повеќе оркестри различни по состав, има добиено повеќе значајни меѓународни награди и признанија. Дел од композициите за деца на д-р Томислав Таневски се составен дел од учебниците за музичко образование за најразлична возраст.
За постигањата во областа на музичкото творештво има добиено повеќе значајни музички и општествени награди.
За постигањата во областа на публицистиката добитник е на:
- Наградата на Град Скопје “13 Ноември“ за 2004г.,
- “Бел Сокол“ на Ford Motor Company од САД во 2004г.,
- Годишната награда на Општина Центар “Феникс“ за 2008 г. за иновативните пристапи и постигнувањата во областа на образованието и социјалните дејности.
Образование
ФМУ - Скопје
Магистер во методологијата на наставата по музика
ФМУ - Скопје
Доктор на науки по музички науки
My expirience
MBA from Harvard Business School
Self - employed
BBA from University of Michigan
MBA from Harvard Business School