Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Психологијата во комуникација со уметноста

Психологијата во областа на уметноста или уметноста во психологијата – Хамлетовско прашање на кое се обидувале да дадат одговор голем број филозофи и психолози низ времето. Религијата, филозофијата и науката воопшто, покажувале интерес за разбирање и толкување на уметноста. Многу од авторите тврделе дека уметноста е несфатлива за науката, бидејќи науката го запоставува духовниот свет. И психологијата не била исклучок од пројавените проблеми во толкувањето на уметноста. Историјата на односот психологија – уметност е доста долг и повеќеслоен во намерата на спознавање. Сепак, во своето„долго минато и кратка историја“, психологијата има постар сооднос во областа на уметноста, бидејќи уметниците и сите креативни творци ги користеле сопствените знаења од психологијата како искуство за своето и туѓото однесување во процесот на создавање уметничко дело.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПУБЛИКАЦИЈАТА

  • Автор: Томислав Таневски
  • Издавачка куќа: Универзитет за Аудиовисуелни Уметности „ЕФТА“ – Скопје
  • ИСБН: 978-608-4555-17-9
  • Година на издавање: 2017
  • Број на страни: 238
  • Димензии: 175/240
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски