Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Основи на сценската проекција

Театарот како прв и најстар медиум денеска благодарение на технологијата сеуште е во фокусот на човечката културна посветеност. Технолошките достигнувања, особено во аудиовизуелните сфери, овозможија нов пристап кон визуелизација на човечката фантазија. Сценографијата ја прошири својата „димензија“ и видео проекцијата денеска е неизбежен сегмент од секое аудиовизуелно дело. Нејзината продукцијата веќе не претставува само изработка на слика во две димензии, сценската проекција врз сценските елементи ја прикажува и нејзината трета димензија.  Перцепцијата на гледачите не се фокусира само на актерската игра – сценската акција има нов рамноправен член, проекцијата. Како комплекс на можни решенија и водич кон реализација на мултимедијално аудиовизуелно дело, овa издание нуди решение и дава правец кон успешна имплементација на кретивните идеи. Имајќи ги в предвид технолошките развојни трендови примерите што се посочени во него претставуваат фундамент за нивна имплементација. Со повеќе од една деценија посветеност, пороучување и работа во оваа област, со право можам да кажам дека технологијата и нејзиниот напредок, овозможи денеска театарот да го добие епитетот на мултимедијан медиум. Во оваа книга која е наменета и за поширок круг на читатели, ќе се обидам да ја прикажам „современата слика“ на денешниот театар гледано од технолошки аспект, или техниката која го издвои театарот од киното, телевизијата и останатите медиуми, веќе позната како технологија за 3Д-МАПИРАЊЕ (3D Mapping, Mapping Projection) и проекција на сцена. Покрај аудиовизуелните уреди и нивната технологија во ова издание ќе стане збор и за сценските елементи, аудио сегментот и нивната улога во сценската проекција и 3Д Мапирањето.
Видеопрезентација на книгата:

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПУБЛИКАЦИЈАТА

  • Автор: М-р Милчо Узунов
  • Издавачка куќа: Универзитет за Аудиовисуелни Уметности „ЕФТА“ – Скопје
  • ИСБН:978-608-4555-20-9
  • Година на издавање: 2018
  • Број на страни: 198
  • Димензии: 175/240
  • Корица: мека
  • Јазик: македонски