Редовен професор на катедрата по анимација
Предмети:
Крсте Господиновски е роден 15.08.1984 г. во Скопје, Р. Македонија. Дипломира 2006 г. на „Националната Ликовна Академија“ во Софија, на отсек сликарство, каде и магистрира во 2008 г. Од 2009 г. е раководител на катедрата за анимација на „Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА“ каде се стекнува со научното звање вонреден професор. Од 2015 до 2018 предава и на Филмската Академија на „УГД – Штип“.
Како режисер се потпишува на неколку кратки анимирани филмови поддржани од Агенцијата за филм: Готлиб 2018 г. и Змујулче 2020 г., како и на неколку независни анимирани филмови.
Како автор на визуелни ефекти, на домашни и мегународни филмски проекти како: „ Долу од рајот“, „Деца на сонцето“, „Жената на мојот живот“, „Кога дрвјата паѓаат“ итн; а како директор на анимација на „Кружно патување на Марето“, „Монахот“ итн.
Образование
Национална Ликовна Академија“ - Софија
Отсек - сликарство
Национална Ликовна Академија - Софија
Магистратура - Отсек сликарство
Значајни проекти
„Кога дрвјата паѓаат“ во режија на Марисија Никитук – Украина
Анимација, композитинг и визуелни ефекти за долгометражен игран филм
2018г - Анимиран филм „Готлиб“
Режисер, сценарист и продуцент
Краток анимиран филм „Неми филмови“
Тековен проект - Режисер, ко-сценарист и аниматор