Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

ПРОМОЦИЈА НА ЗБОРНИКОТ „БУГАРСКАТА ДРАМА И ТЕАТАР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

Picture

Во среда  8 ноември во Бугарскиот културен центар во Скопје

Во духот на Договорот за соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија, потпишан од Премиерите на двете земји, Бојко Борисов и Зоран Заев, кој што од релеватни меѓународни фактори беше посочен како пример за надминување на меѓусебните недоразбирања и чин што отвора нови перспективи на Балканот, Бугарскиот културен центар во Скопје на 8 ноември, со почеток во 12 часот, во свечената сала, организира промоција на зборникот „Бугарската драма и театар во Република Македонија“.
Свеченоста ќе биде отворена со реч на директороката на Бугарскиот културен центар Светлана Славова и ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА-Скопје-Париз-Есен-Ротердам Јордан Плевнеш, во присуство на претставници на амбасдата на Република Бугарија во Република Македонија и надлежните Министерства за култура и образование и наука и еминентни културни и театарски дејци од Бугарија и Македонија.
Зборникот ќе го претстават составувачот доц. Гоце Ристовски, декан на Факултетот за театарска уметност на ЕФТА и театрологот Ристе Стефановски, професор хонорис кауса на ЕФТА.
Ова значајно издание е избор на научни трудови поднесени на меѓународниот симпозиум „Бугарската драма и театар во Република Македонија“ одржан на 17 и 18 септември минатата година во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка како прва активност во рамките на мега проектот „Европската драма и театар во Република Македонија“ што го покрена Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА -Скопје-Париз-Есен-Ротердам на инцијатива на ректорот Јордан Плевнеш. На меѓународниот научен симпозиум учествувааа триесетина научни работници, професори, актери, режисери и драматурзи од двете соседни земји. Од Република Бугарија меѓу другите учество зедоа најпреведуваниот драмски автор од Балканот – Христо Бојчев, актерката Снежина Петрова, раководител на Департманот за театар на Новиот бугарски универзитет, режисерот Иван Добчев, професор на НАТФИЗ „Крсто Сарафов“,Светлана Славова, директорка на Бугарскиот културен центар, Антонија Велева и др. Од македонска страна учествуваа театрологот Ристе Стефановски, актерката Милица Стојанова, проф. д-р Катерина Петровска-Кузманова, проф.д-р Иванка Апостолова, раководител на македонскиот ИТ центар, театарологот Тодор Кузманов, доц. Трајче Кацаров, проф. д-р Христо Петрески, актерите Васил Михаил и Страшко Милошевски и други.
Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА-Скопје-Париз-Есен-Ротердам меѓународниот научен симпозиум го реализираше со партнерот Нов бугарски универзитет од Софија и за време на одржувањето се разговараше за реципрочни активности во Република Бугарија, размена на наставници и студенти меѓу двата универзитети, учество во заеднички проекти и се иницираше изучување на Бугарска драма и театар на универзитетот ЕФТА во Скопје, а на Македонска драма и театар во Софија, што би се реализирало со помош на надлежните министерства и владите на двете земји, а што би било во рамките на неодамна потпишаниот Договор за соработка.