Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА ФЕСТИВАЛИТЕ SEE a Berlin и SEE a Paris 2017

Picture

Универзитетот за аудиовизуелни уметности, во рамките на своите активности и оваа година ги организираше фестивалите на кинематографиите на Југоисточна Европа во Берлин и Париз – SEE a Berlin и SEE a Paris.

Во големата сала на познатото берлинско кино „Бабилон“ заврши третото издание на Фестивалот   SEE a Berlin 2017. Интернационалното жири во состав: Манфред Ајхел – филмски критичар од Германија, Нела Луциќ актерка од Рим и Лоран Балаш Имре режисер од Унгарија ги додели следниве награди: Најдобра женска улога – Наташа Дорчиќ од Храватска за улогата во филмот „Ти ме носиш“, најдобра машка улога – Донат Ќосја од Косово за улогата во „Доме сладок доме“, Најдобра режија – Бујар Алимани од Албанија за филмот „Хром“, а  за најдобар филм  беше прогласен „Убијци на тркала“ од Унгарија.
Покрај ова беа доделени и наградите на интернационалното  младинско жири. За најдобар актер и актерка  беа прогласени Горан Хајдуковиќ и Лана Бариќ од хрватскиот филм „Ти ме носиш“, најдобра режија – Бујар Алимани за филмот „Хром“, а за најдобар филм беше прогласен „Доме сладок доме“ во косовско –македонска копродукција.
На отворањето, пред елитната гермаска и европска публика, во присуство на сите амбасадори на земјите од регионот, беа доделени наградите за животно дело:, „Europa Prima“ на Аделеид Фајке – главниот уредник за Балканот на Дојче Веле, а за „Личност на ЈИЕ“ (SEE Personality 2017) во доменот на европските интеграции на регионот беше прогласен академик Жан Митрев од Македонија. Во соработка со Универзитетот Хумболт од Берлин, се одржа голем научен симпозиум посветен на Балканот во европската културна меморија.

Македонскиот игран филм „Златната петорка“  на режисерот Горан Тренчовски, во конкуренција на филмови од 15 земји од регионот ја освои главната наградата за најдобар филм на седмото издание на фестивалот SEE a Paris 2017. Меѓународното жири со кое прецедаваше Макс Азуле, покрај тоа на македонскоиот филм му ја додели наградата и за најдобра монтажа на  Андрија Зафрановиќ и Аристид Филактов, додека наградите за најдобри актерски остварувања им припаднаа на Јанис Станкоглу за улогата во грчкиот филм „Invisible“ и на Маргита Гошева од Бугарија за улогата во филмот „Слава“, додека косовско-македонската копродукција „Доме сладок доме“ се здоби со наградата за најдобро сценарио.
Освен тоа на свечената церемонија на затворањето на фестивалот која се одржа во парискиот Ле Палас во соработка со фестивалот „Балкан Трафик“, беа доделени и традиционалните награди за животни остварувања и исклучителен придонес во афирмацијата на кутурата на регионот.
Наградата SEE Actor 2017, му беше врачена на познатиот романски актер и режисер Јон Карамитру, од страна на прецедателот на Европската академија на науките уметностите и книжевностите Жан-Патрик Конрад, кој воедно ја додели и наградата SEE Personality 2017 на познатиот македонски бизнисмен и филанатроп Емил Угриновски.
За SEE Legend 2017 беше прогласен култниот белградски режисер Душан Макавејев, додека наградите Europa Prima им беа доделени на познатите публицисти од Париз, Доминик Долмие и Паскал Делпеш, како и на професорот Кристијан Фос од Универзитетот Хумболт од Берлин.
Освен тоа, на Универзитетот INALCO, се одржа и интернационалниот симпозиум на тема „Европеизација на Балканот или балканизација на Европа“, на кое зедоа учество полем број видни личности од француската и европската културна сцена, со што се комплетира богатата програма на  седмото изданиена фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа (SEE a Paris 2017) во Градот на светлината.