Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО НАЦИОНАЛНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ЗА ФИЛМ И ТЕАТАР „ЈОН ЛУКА КАРАЃЕЛЕ“ ОД БУКУРЕШТ 

Picture

Денес во Букурешт, во ректоратот на Националниот универзитет за филм и театар Јон Лука Караѓеле се потпиша меморандум за соработка во аудиовизуелните уметности помеѓу ректорот  Николае Мандеа и ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Европска, Филмска, Театарска и Танцова Академија – Скопје, Јордан Плевнеш. Во присуство на Неговата екселенција , амбасадорот на Република Македонија во Романија Панде Лазаревски, беа отворени поголем број перспективи за соработка во аудиовизуелниот сектор (филм, театар, применета музика и тн.), кои ќе започнат со реализација уште оваа година. Исто така, договорена и размена на студенти и професори од обата универзитети, како и соработка на филмските фестивали на Југоисточна Европа во Париз и Берлин SEE a Paris и SEEFF a Beriln, каде што на Националниот универзитет за филм и театар од Букурешт станува партнер на Универзитетот ЕФТА – Скопје.
Ректорот Мандеа ја лансира идејата за интернационално стручно списание за аудиовизуелните уметности со импакт фактор, кое ќе биде наменето првенствено за едукацијата и креативното остварување на уметниците од Југоисточна Европа.
Се очекува наскоро ректорот Мандеа да ја посети Македонија во функција на остварување на зацртаните приоритети во меморандумот.