Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Овации за Кирил и Методи во Букурешт

Picture

Европската праизведба на пиесата Кирил и Методи who are you” од Јордан Плевнеш во режија на Марин Кочовски, а во изведба на Народниот театар од Прилеп во копродукција со Сфумато театарот од Софија, Киклос театарот од Солун и Нета (Новата театарска акција во Европа), синоќа беше изведена на Големата сцена на Националниот театар во Букурешт во рамките на Европскиот театарски фестивал и наиде на сјаен прием кај фестивалската публика која ја награди со долготрајни овации.
По самата претстава разговорите ги водеше Жорж Бану, професор на Сорбона и Претседател на Интернационалната асоцијација на театарски критичари (AICT). Г-динот Бану поздравувајќи ги присутните гости рече дека оваа престава е вистински драмски чин кој создава планетарна драма што за прв пат во историјата на светската драмаургија го третира прашањето дали е можна цивилизација на љубовта низ делото Св. Кирил и Методиј. Тој подвлече и дека Јордан Плевнеш со оваа драма го достигнува врвот на својата естетика, која е богатство не само за Македонија, туку и за Европа и Светот. Режијата на Мартин Кочовски беше оценета како револуционерно пледоаје кое од светот на Бертолд Брехт влегува со импозантна сила во светот на Плевнеш. Играта на актерите на прилепскиот театар и гостите од Бугарија и Грција, беше оценета како вистинска фасцинација и беа изречени суперлативи за истакнатиот актер Ѓорѓи Јолевски кој е носител на главната улога. Посебен акцент на храбриот спектакл даде легендата на романскиот теар Јон Карамитру, како и врвни книжевни имиња на Романија и гости од различни земји.
Амбасадорот на Република Македонија во Романија Панде Лазаревски, го оцени овој чин како историски настан и рече дека е најубавиот подарок за националниот празник 8 спетември – Денот на македонската независност, кој покажува дека со Кирил и Методи се освојува врвот на европската култура. Интернационалната Одисеја на претставата продолжува на Фестивалот Ристо Шишков во Струмица на 12 септември, а потоа и на фестивалот ExPonto во Словенија на 20 септември.