Успешно реализирана работилницата со Escalier 4 од Париз
Еднонеделната работилница на парискиот театар Escalier 4 на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, успешно беше крунисана со претставата “Последниот маж, последната жена”, од Јордан Плевнеш, која беше прикажана на малата сцена на Драмскиот театар во реализација на театарската режисерка Сандрин Фурлон и филмскиот режисер Фабиен Емар, со учество на француските актери Мадлен Богар и Силвен Паолини. Во реализацијата учествуваа поголем број на студенти од нашиот Универзитет, од класите на професорите Рубенс Муратовски и Дејан Пројковси, како и гости од ФДУ, Албанскиот театар, Турскиот театар и поголем број на дипломирани актери. На претставата присуствуваше Амбасадорката на Франција во Македонија, Г-ѓата Лоранс Оер и бидејќи успехот беше награден со долготрајни аплаузи, се предвидува претставата да се игра на повеќе летни фестивали во 2015 година. Во прилог следат фото и видео материјали.
Share: