Студентот Зоран Шеќеров со награда во Ровињ
Студентот по фотографија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Зоран Шекеров, освои четврта награда во документарна фотографија на Интернационалиот конкурс за фотографија Ровињ фотодејс.
Во почетокот на овој месец во Ровињ се одржаа традиционалните фотографски денови. Овој пат за разлика од минатите години конкурсот беше Интернационален, а на него беа пријавени над 10.000 фотографии од 700 фотографи низ целиот свет, помеѓу кои се најде и студентот Зоран Шекеров со освоено четврто место во категоријата Документатна фотографија. И покрај тоа што доби награда, Зоран имаше прилика да присуствува во Ровињ и да биде дел од големата манифестација со многу изложби, работлници и предавања од познатиот американски фотограф и селектор на оваа изложба Тод Папаџорџ.

Share: