Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

“Осмото светско чудо” на саем на книгата во Лајпциг

Picture

Романот “Осмото светско чудо” на Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Јордан Плевнеш, кој што е веќе објавен на десетина јазици во светот, во превод на германски од страна на Вил Фирт, а во организација на мрежата Традуки, ќе биде претставен на Саемот на книгата во Лајпциг, кој ќе се одржи во периодот од 13 до 16 Март 2014.
На штандот на Традуки, во рамките на претставувањето на авторите од Југо-Источна ЕВропа, Јордан Плевнеш ќе има презентација на романот во која ќе учествуваат повеќе германски и светски издавачи и дебата со броните посетители на овој престижен саем.
По завршувањето на саемот, на 17 март во 18.00 часот, во негова чест од страна на Германско-македонското друштво ќе биде организирана книжевна средба во Амбасадата на Република Макеоднија во Берлин, на кој што за романот “Осмотот светско чудо” ќе зборува професорката на Хумболт Универзитетот Весна Цидилко, која напиша опсежна студија за значењето на овој роман во евроопската книжевност.
http://www.jordanplevnes.net/1/post/2014/03/30.html
http://www.jordanplevnes.net/uploads/9/0/1/5/9015111/flyer_fokus_soe_leipzig2014.pdf